Македонија

,,Сељачината” Стоилковски му одговори на Фрчкоски: Садистички нагони кај фрустриран татко

За дрогите, интригите и садизмот во македонската политика

Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ одговара на последната колумна на професорот Љубомир Фрчкоски во која тој бара забрана за ВМРО-ДПМНЕ.

Стоилкоски во својата психолошка анализа на ставовите и однесувањето на Фрчкоски во јавноста препорачува екс функционерот на СДСМ, чиј син беше фатен како конзумира кокаин а сега е важен чинител на Бихаќка, да се лечи.

Фрчкоски во колумната меѓу другото објави дека ВМРО-ДПМНЕ не знае да прави политички интриги затоа што не читале книги за садизам.

,,Дури и на “сељачана” како мене шамарање на жена на паркинг, швалерајски драми до бегање на сопруга од Њујорк, психодрами со бело кај деца, ете ми текна да ги поврзам со садистички нагони кај фрустриран сопруг/татко, можеби поттикнати од тежина и незадоволство заради латентна хомосексуалност, толку табу за СДС и удбашките структури во раните ’90?

Ама па шо знам, вакви отворени признанија може се за поздрав?
Исто како и хвалоспевите кон Заев, убав збор што детето му има функциичка. Да се знае кој е газда. И кој каде е врзан. “Кај ќе каже газдата!”

*Иди лечи се бре, барај семеен попуст, ако воопшто ви прифатат. Освен за интриги, садизам и педе*астија, за ништо друго и не ве бивало, никогаш”, пишува Стоилковски.

Што беше причината за реакцијата на Наум Стоилковски:

Таткото на функционерот на СДСМ кој беше жив фатен како се дрогира со чудна колумна

ВМРО-ДПМНЕ не треба да постои, посакува Фрчкоски

Најнови вести од: Македонија

Практична крипто едукација за почетници на Binance Learning Lab во Скопје

Сандро Слукан, регионален маркетинг менаџер за Балканот, ја нагласува важноста на ваквите настани за сите што сакаат да влезат во светот на крипто со повеќе знаење и самодоверба: „Растечкиот интерес за крипто и дигитални финансии покажува дека регионот брзо се развива, а со Learning Lab сакаме да им овозможиме на сите што сакаат да започнат преку практична работа и разговор со експерти, да ги стекнат неопходните знаења. Продолжуваме со нашата мисија крипто да го направиме достапно, разбирливо и блиско за сите“, истакнува Слукан.

Мицкоски: Безбедносната состојба е стабилна, но можно е поскапување на нафтата, се бараат начини да се намали ударот врз граѓаните

Стабилна и мирна е безбедносната состојба по воените дејствија на Блискиот Исток, изјави премиерот Христијан Мицкоски, дополнувајќи дека се можни економски предизвици во иднина. На седницата на Советот за безбедност организирана од претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, премиерот вели дека направиле анализа врз основа на информациите што ги добиле од службите и од министерствата за одбрана и за внатрешни работи.

Шест возачи приведени поради безобѕирно возење, меѓу нив и двајца малолетници! Управувале автомобили без возачка дозвола, еден бил и пијан!

Полицијата вчера на територијата на целата држава лишила од слобода шест возачи поради безобѕирно управување со моторно возило, информираат од Министерството за внатрешни работи. Од нив, петмина управувале возило без возачка дозвола, а еден возач бил фатен како вози под дејство на алкохол.

Мицкоски: СДСМ е најголемата опасност за македонскиот идентитет и македонската држава, нивната цел е да им зададат удар и да ги разнебитат!

„Не би сакал да ја коментирам безидејната, мекотелна опозиција. Опозицијата бара оставки секој ден од секого. Без разлика на тоа какви се нивните аргументи, институциите постапуваат, а и министерот Тошковски на прес-конференција направи јасна ретроспектива за тоа што и како се случувало. СДСМ е најголемата опасност врз македонскиот идентитет и македонската држава и ги замолувам граѓаните со резерва да ги прифаќаат сите лажни конструкции и соопштенија, кои доаѓаат од Бихаќка. бидејќи тие имаат само една цел: да го разнебитат македонското ткиво и да му зададат удар врз македонскиот идентитет.“ – нагласи премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање за барањето на СДСМ министерот за внатрешни работи Панче Тошковски да поднесе оставка, поради трагедијата во Карпош.

Институтот за јавно здравје отстрани 10 тони опасен хемиски отпад што можел да предизвика хаварија

Во рамки на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) повеќе од 10 години се чувале 10 тони опасен хемиски отпад, што можел да предизвика хаварија и претставувал голем ризик за здравјето на луѓето и безбедноста. Како што информира денеска директорката на Институтот, Марија Андоновска отпадот е моментно безбедно отстранет и  нема да остане во државата, туку ќе биде согорен надвор.

Кривични пријави против фирма и управител од Радовиш, наместо бука на училиштата им испорачувале топола, дива круша и црница

СВР Струмица-ОВР Радовиш, до Основното јавно обвинителство Радовиш, поднесе кривична пријава против С.К.(43) од село Дедино, општина Конче, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно – приватно партнерство“, „злоупотреба на службената положба и овластување“, „посебни случаи на фалсификување исправи“, „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“ и против правен субјект од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно – приватно партнерство“, „посебни случаи на фалсификување исправи“ и „употреба на исправа со невистинита содржина.

Ѓорѓиевски: Со подземната сообраќајница ќе се намалат за најмалку една третина метежот и сообраќајниот хаос во Скопје

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски изјави дека булеварот „Македонија“ е еден од најсериозните капитални проекти за градот, којшто било кога во минатото е започнат да се реализира.

Најнови вести

To top