Македонија

ВМРО-ДПМНЕ не треба да постои, посакува Фрчкоски

Таткото на функционерот на СДСМ кој беше жив фатен како се дрогира со чудна колумна

ВМРО-ДПМНЕ не треба да постои, елаборира во својата последна колумна за Либертас, Љубимир Фрчкоски.

Неговата желба за непостоење на ВМРО-ДПМНЕ тој ја елаборира со тоа што партијата што побара и се избори за независна македонска држава според него ,,не може да се пронајде во ниту еден конститутивен политички гест на современата македонска држава”.

Според иделоготот на СДСМ тоа ,,ја прави партијата излишна, без причина на постоење и тоа таа го има разбрано на некој перверзен начин”.

Во колумната Фрчкоски тврди дека ВМРО-ДПМНЕ не е способна за политичка интрига затоа што меѓу другото во партијата не читале садистички книги и не биле декадентни.

,,Последната операција на оваа власт е обид за создавање интрига , конспирација од некаква обемна заплена на марихуана во Србија за која српските весници детално пишуваат поврзувајќи ја со знаење на властите на Србија и Македонија. Кај нас интригата се гради со поврзување на марихуаната со кој ако не Зоран Заев и СДСМ. Таа партија и Заев се во центарот на таа дрогерашка афера?

Је*ала вас конспирација !

За создавање сериозна интрига или конспирација едноставно нема услови кај ВМРО.

Имено за да се создаде политичка интрига потребно е да се има држава , администрација и декаденција;

Потребна е хтонска длабочина и дионизиска природа на мрак , влажност и распаѓање – наспроти аполониските институции на власта кои се позитивитетот;

За интрига е потребно софистицирано чувство за абсурд , интелегенција , знаење на бели арти и возвишено образовани за метафизика, психологија на групи и манипулации со волјата;

За интрига е потребно знаење од сексуалната патологија и владеење со опусот на Маркиз Де Сад, Оскар Вајлд и Емили Дикинсон!

Таа ситна плетка на дворски интриги на овие простори ја плетеле Теодосие Втори, Атанасија, Големите Логорејасти , Логотетите од Јован Цимискије и Константин Мономах преку Василие Македонецот до Јован Осми Палеолог. Но Најмногу од нив Михаил Псел .

Значи, со еден збор , драги вмровци вие како сељачана немате никаква шанса да создадете или загинете од интрига! Вие сте плитки и равни како три-на-три плетка за џемперче, што би рекла баба ми Лена и не се оптеретувајте со такви теми! Вие владеете како банда со приватна војска во што го претварате МВР”, пишува Фрчкоски.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top