Македонија

Шасивари ќе бара мислење од Венецијанската комисија за измените, поврзани со полагањето на правосудниот испит

Министерството за правда започна консултации со правните факултети и студентите за предложените измени поврзани со полагањето на правосудниот испит. Целта е да се слушнат ставовите на академската заедница и да се дојде до правно издржано решение, што ќе ги почитува јазичните права и професионалните стандарди.

Министерот за правда Јетон Шасивари истакна дека измените нема да се носат без учество на засегнатите страни, нагласувајќи дека забелешките и предлозите на студентите и факултетите треба да имаат вистинска тежина. Предложениот модел треба да овозможи порамноправни услови за кандидатите кои правните студии ги завршиле на различни јазици, без создавање паралелни системи за полагање.

Според Шасивари, целта е јазичната сеопфатност да се усогласи со единствените професионални стандарди потребни за функционирање на правосудниот систем. Министерот порача дека Владата е посветена на унапредување на јазичните права, со целосно почитување на Уставот и законите. За дополнителна правна сигурност и усогласеност со европските стандарди, најави дека во краток рок ќе биде побарано мислење од Венецијанската комисија при Советот на Европа.

Шасивари посочи дека Министерството е подготвено да ги разгледа препораките од Комисијата и дека процесот ќе продолжи транспарентно, со вклучување на сите засегнати страни.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Сметководителите бараат поедноставни правила за финансиско известување и помал административен товар за фирмите

По повод 10. Ноември – Меѓународниот ден на сметководството, Институтот на сметководители и овластени сметководители организираше тркалезна маса на тема „Големи правила за малите бизниси: дали е време за поедноставно сметководство?“, посветена на иницијативата за поедноставување на административните постапки за микро и малите фирми.

Важност на новиот предложен Кривичен законик, заради членство во европската платежна зона: построги одредби за перење пари и конфискација

Измените на Кривичниот законик што се разгледуваат во Собранието имаат цел да ги намалат ризиците поврзани со членството на Македонија во СЕПА, единствената европска платежна зона, изјави денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

Владата бара итно мислење од Венецијанската комисија за полагањето на правосудниот испит: Законите да се темелат врз Уставот и европските стандарди

Владата на денешната седница ја усвои потребата за добивање итно мислење од Венецијанската комисија во врска со предложениот модел за полагање на правосудниот испит.

Бојковска за заканите кон обвинителот Савески: СДСМ се во паника и страв од Надѕорната расправа за „Алта банка“

СДСМ се во паника и страв од надзорната расправа за Алта банка која ќе се оддржи в среда во Собранието, вака пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Драгана Бојковска во „Колегиум“ на ТВ Алфа ја оцени директната закана на нивната портпаролка до републичкиот јавен обвинител Ненад Савески, во која Кузеска упати ултиматум до него со порака – ако итно не отворел истрага за Алта банка, ќе му се случело она што се случува во Србија со апсењата на тамошни јавни обвинители.

По 30 години нов Кривичен законик, заради поефикасна борба против криминалот и корупцијата и поправични судски постапки

Министерството за правда ги достави Нацрт-кривичниот законик и Нацрт-законот за кривичната постапка до Европската комисија за мислење, со што продолжува процесот на сеопфатна реформа на казненото законодавство и негово усогласување со европските стандарди.

Најнови вести

To top