Хроника

Шефови во УЈП и бизнисмени осомничени за криминал тежок 4,8 милиони евра

Заврши распитот на осумте приведени лица поврзани со вчерашната обемна акција во Управата за јавни приходи, по што Основниот кривичен суд Скопје им определи мерка притвор во траење од 30 дена. Како што информира Судот, по нивното произнесување, како и по оценка на фактите и приложените докази, бил прифатен предлогот на обвинителството и на сите осум осомничени им е определен притвор поради постоење на сите три законски основи – опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци, како и ризик да го довршат или повторат кривичното дело.

Српски државјанин сопственик на две фирми, раководители во Управата за јавни приходи и уште неколкумина сопственици и управители на правни лица се меѓу дваесеттемина осомничени во акцијата што Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ја спроведуваше завчера на повеќе локации во државата. Осомничените, како што соопшти денеска Обвинителството, се товарат за кривичните дела даночно затајување, даночна измама, перење пари и злоупотреба на службената положба, кои ги сториле во периодот од 2023 до 2025 година. Според ОЈО ГОКК, осомничените бизнисмени со лажни даночни и со помош на вработените во УЈП успеале да избегнат плаќање на данок, како и да добијат поврат на јавните давачки за нерезидетни фирми, со што го оштетиле буџетот на државата за 297 733 844 денари или околу 4,8 милиони евра.

При претресите на 16 локации низ државата се пронајдени и времено одземени фиктивна документација, парични средства, оружје и лажни печати од правни лица, а осомничените лица се обезбедени. Првоосомничениот, српски државјанин и сопственик и управител на две правни лица, заедно со двајца службеници од УЈП – Регионална дирекција Скопје, во текот на 2023 година формирале група со цел вршење на кривични дела даночно затајување, даночна измама, перење пари и злоупотреба на службена положба. Во периодот 2023–2025 година, во групата биле вклучени и други сопственици, управители и вработени во правни лица во Скопје и Гевгелија.

  • Со прикажување неточни податоци во даночните пријави и со помош од даночни службеници од УЈП, во периодот 2023–2024 година првоосомничениот избегнал плаќање данок во износ од 11.593.403 денари. Останатите осомничени сопственици и управители на правни лица со лажни пријави побарале, а осомничените вработени им одобриле неосновано враќање данок за нерезидентни правни лица со што е нанесена штета на буџетот во износ од 31.175.168 денари. Дополнително, дел од осомничените во истиот период вршеле трансфер и подигање парични средства со цел прикривање на потеклото на парите прибавени со кривични дела, во вкупен износ од 91.985.197 денари. Досегашните прибрани докази упатуваат дека осомничените вработени во УЈП – Регионална дирекција Скопје, од кои дел на високи раководни позиции, со повеќекратни злоупотреби на службената положба, нанеле вкупна штета на Буџетот на РСМ од најмалку 162.980.076 денари  – се наведува во соопштението.

Од скопскиот Основен кривичен суд соопштија дека за девет од десеттемина осомничени е прифатен предлогот на Обвинителството за определување мерки за претпазливост, додека за осомничените за кои се бара притвор судот требаше да се прозинесе во текот на денешниот ден.

Најнови вести од: Хроника

Пијан скопјанец ја претепал партнерката, ја давел и ѝ се заканувал со нож

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 51-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – телесна повреда и загрозување на сигурноста според Кривичниот законик. На 14 јануари, во видно алкохолизирана состојба, осомничениот ја нападнал својата партнерка во домот во Гази Баба во кој таа привремено престојувала. Ја удирал по главата и телото, ја давел за вратот, а и се заканил и со нож со кој замавнал кон неа.

Жител на Чучер Сандево се заканувал дека ќе ја запали сопругата и ќе ја убие со двете ќерки, му нашле автоматска пушка и над 70 куршуми

Осомничениот, на 13 јануари, во својот дом во Чучер Сандево, држел автомат STEN MKII кој им е целосно забранет на граѓаните, како и 71 куршум муниција со калибар 9 мм соодветна за испукување од тоа автоматско оружје.

Албанскиот конзул ја спасил од нацистите – почина најстарата битолчанка која го преживеа Холокаустот

Во Бостон, САД, на 108-годишна возраст почина Рејчел Нахмијас, најстарата преживеана Еврејка од Битола и една од ретките членови на битолската еврејска заедница што го преживеа Холокаустот.

To top