Македонија

Шилегов за Филипче: Што е ако не катастрофа да ја сведете партијата на петта во Скопје и трета во Македонија?

Ексградоначалникот на Скопје од СДСМ удри во интервју на Телма по актуелниот лидер, обвинувајќи го за падот на партијата

Поранешниот градоначалник на Скопје од СДСМ, Петре Шилегов, удри по партискиот лидер Венко Филипче, во интервјуто во рамките на емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Да ја сведете поддршката на партијата на само стотина илјади гласови и само 15 пратеници, да станете пета партија во Скопје, трета во Македонија, што е тоа ако не катастрофа?“, праша Шилегов, најавувајќи ерозија и на сегашната партиска номенклатура по следниот конгрес.

„Ќе дојде до определени барања не само од моја страна, туку од сериозна групација во партијата, меѓу кои има и актуелни пратеници, кои исто така немаат никаква комуникација со раководството. Кога ќе излезат од партијата дел од пратениците, можеби половина од пратеничката група, кога дел од општинското раководство ќе ви ги затвори вратите, тогаш ќе сфатите дека мора да си заминете од функција“, му порача Шилегов на Филипче.

„Венко сам си носи одлуки“, додаде некогашната „перјаница“ на СДСМ, уверен дека партиските тела воопшто не ни донеле одлука за поддршка или не на системот „Безбеден град“.

Шилегов ги отфрли и обвинувањата од СДСМ дека „одработува за ВМРО-ДПМНЕ“: „Кога немате што да му одговорите во тезите на Шилегов, ќе измислувате сè и сешто, дека како адвокат сум работел за вмровски претпријатија, дека сум пиел. Тоа е резултат на немање аргументи. Јас очекувам такви напади и по ова интервју, особено на социјалните мрежи“.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Израелската амбасадорка Аисен ги поздрави акциите на македонските власти за истрага на обидот за опожарувањето на зградата на Еврејската заедница

Аисен, на Х ја респодели пораката на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски со која тој го осудува обидот за опожарување

(Фото): CNN ја стави Македонија на туристичката мапа како атракција

Оценките на CNN доаѓаат во време кога туристите сè повеќе бараат автентични искуства надвор од стандардните европски рути, што дополнително ја позиционира Македонија како дестинација со голем потенцијал.

Б.М.(37) и Ќ.С.(30) од село Корешница, Демиркаписко, киднапирале 21-годишник од Неготино под закани со пиштол и остар предмет – Полицијата ги уапси!

– Вчера во 16:45 и 18:40 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода Б.М.(37) и Ќ.С.(30), двајцата од село Корешница, демиркаписко, постапувајќи по претходна пријава дека тие со патничко возило „мерцедес“ со демиркаписки регистарски ознаки, противправно лишиле од слобода 21-годишник од Неготино, му се заканувале со пиштол и остар предмет, по што го однеле на непозната локација и физички го нападнале, соопштија од полицијата.

За 24 часа шестмина уапсени поради семејни насилства врз сопруги: кршеле покуќнина, деца со расеченици во обид да го спречат татка си во нападите со остри предмети!

Шест лица се лишени од слобода поради семејно насилство во последното деноноќие, соопшти полицијата.

Честитки од Муцунски до Маѓар: Ги цениме силните заемни односи и очекуваме да ја продолжиме соработката врз партнерството и заедничката европска иднина!

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски му ја честита победата на Петер Маѓар на изборите во Унгарија.

To top