Македонија

Шокантно: Дури 40% од децата почнуваат да пушат уште на 13 години

Експертите предупредуваат дека борбата со малолетничкото пушење бара синхронизирана акција: едукација во училиштата, контрола на продажбата, доследно спроведување на законите и комуникациски кампањи насочени кон семејствата. Бројките, 40% до 18 години и почеток на 13 се доволен индикатор за итност.

Загрижувачки податоци за пушењето кај младите во Северна Македонија. 40% од младите до 18 години се пушачи, а најголемиот дел почнуваат уште на 13 години, покажува последното истражување на „Аналитика“, од каде повикуваат на построги мерки!

  • „Кај младите до 18 години, анализите ни покажуваат дека не им се забранува купување, односно потребно е поголемо почитување на законската регулатива. Дополнително, ако го разгледаме и фискалниот аспект, добро би било да се зголемат цените на новите производи што сѐ повеќе ги користат младите. Според нашите анализи, овие производи сѐ уште имаат ниски цени, па затоа има простор за зголемување на акцизата, со што би станале помалку достапни за младите“, рече Тамара Миовиќ-Спасова од „Think Tank“ аналитика.

Станува збор не само за класичниот тутун, туку и за новите методи, како што се електронските цигари, за кои исто така беше речено дека се штетни и треба да бидат опфатени со законот за заштита од пушење. Од „Аналитика“ бараат преку едукација да се влијае врз младите, за да сфатат дека пушењето е штетно во секоја форма.

Македонија се вбројува меѓу земјите со највисок процент на активни пушачи во светот. Според Институтот за јавно здравје, 45,4% од граѓаните се пушачи, додека само 5% успешно се откажале од пушење во последните години. Токму затоа, од денешната работилница беше упатен апел да се даваат позитивни примери, за младите да разберат колку е лоша оваа навика и да не започнат со пушење.

Најнови вести од: Македонија

Честитки од Муцунски до Маѓар: Ги цениме силните заемни односи и очекуваме да ја продолжиме соработката врз партнерството и заедничката европска иднина!

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски му ја честита победата на Петер Маѓар на изборите во Унгарија.

ВМРО ДПМНЕ до Филипче: Нема „тајни бизнис-врски“ со Виктор Орбан и Фидеш, туку само договори Македонија-Унгарија! – Спаси ја СДС од исчезнување и од Заев!

„Венко Филипче, верниот чувар на фотелјата на Зоран Заев во СДС, заедно со неговото ново раководство време е да почнат да живеат тука и сега. Нема никакви тајни бизнис врски со Виктор Орбан и неговата партија. Има официјални државни договори и соработка. Тоа значи договори меѓу Македонија и Унгарија, значи дека има соработка како две држави од ист континент Европа кои соработуваат на повеќе полиња. Филипче, огради се од криминалите на Заев и стави ја СДС на нозе, која ја доведе на раб на исчезнување. Засега немаш луксуз да си губиш време со избори во други држави.“ – реагира остро ВМРО ДПМНЕ кон Венко Филипче и СДС.

Туфегџиќ: Јадна е опозицијата, што го врзува опстанокот со Груевски! Тие политички маргиналци и паразити не понудија ништо суштинско за државата!

Адвокатот и поранешен судија Владимир Туфегџиќ реагираше остро кон политичката опозиција, оценувајќи дека е „јадна и очајна“, ако го врзува својото опстанок со  враќањето на Никола Груевски. Според него, можното враќање на Груевски не зависи од домашната политика, туку од, како што вели, „тие што му дале зелено светло да замине“. „За Груевски има кој да мисли, тоа не зависи од нас.“ – посочува Туфегџиќ.

Најнови вести

To top