Македонија

Штипски бизнисмен крадел струја, електродистрибуција поднесе кривична

Инспекциски тим на Електродистрибуција откри сериозна манипулација со електрично броило во станбена куќа во Штип, во сопственост на локален бизнисмен.

Инспекциски тим на Електродистрибуција откри сериозна манипулација со електрично броило во станбена куќа во Штип, во сопственост на локален бизнисмен. При контролата на објектот на улица „Борко Талев“ утврдено е дека сите три фази на броилото биле намерно оштетени, со цел неовластено користење електрична енергија.

„Констатиравме противправна манипулација и неовластено преземање струја. Составен е официјален записник, а случајот е пријавен во полиција согласно член 235-а од Кривичниот законик“, соопштуваат од Електродистрибуција.

Компанијата поднесе кривична пријава против сопственикот, 60-годишниот С.А. од Штип, и издаде фактура за причинета штета во висина од 364.658 денари.

Од СВР Штип потврдуваат дека на 29 октомври 2025 година, по добиена пријава, утврдиле дека С.А. поставил премостување на електричниот кабел пред броилото на адресата „Борко Талев“ бр. 6, со што целата потрошувачка останувала нерегистрирана. Полицијата најави целосно расчистување на случајот и преземање соодветни законски мерки.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top