Македонија

Сиљановска-Давкова по Советот за безбедност: Состојбата е стабилна и безбедна (ВИДЕО)

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова со смирувачка порака по седницата на Советот за безбедност.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова со смирувачка порака по седницата на Советот за безбедност.

Состојбата е стабилна и безбедна, сите институции функцинонираат редовно, кризниот штаб дава поддршка на сите македонски граѓани во кризните региони а резервите на енергенси се соодветно пополнети, изјави Сиљановска Давкова на прес конференција.

Иако седницата беше закажана итно вчера за денеска заради состојбите со кои се соочува светот, сите членови на Советот за безбедност биле присутни а цело време на седницата учествувал и министерот за надворешни работи онлајн од Соединетите Американски Држави.

,,Впрочем, и од него ги добивме информациите за растечкиот број на македонски државјани во регионот, кои што, се разбира, по пораката на Министерството за надворешни работи да се обратат до ДКП и да се регистрираат за да ги имаме во преглед за евентуална евакуација. Го прават тоа.

Најважно е дека формираниот центар кризен во рамките на Министерството за надворешни работи е во постојан контакт со сите граѓани и уште еднаш повторувам, се разбира дека луѓето се загрижени.

Причината е затвореното небо за прелети во некои држави. Катар, на пример, можноста беше со бродски превоз, меѓутоа и тој не функционира. Факт е дека се згрижени дека се безбедни и дека се во постојан контакт со Министерството за надворешни работи, кое што пак работи на тоа, нели, да најде најдобар начин најбрзо што е можно за да може оние кои сакаат да дојдат овде, тоа е првото.

Второто што е најважно веројатно за сите нас е дека состојбата во којашто се наоѓаме врз основа на податоците и од Агенцијата за разузнавање и од АНБ, и од Министерството за надворешни, особено од Министерството за одбрана и за внатрешни работи, но исто така и началникот на Генералштабот може да се оцени состојбата како стабилна и како безбедна. Значи, ние не сме во моментов изложени на нестабилност, ниту има опасности по безбедноста внатре и во регионот”, рече Сиљановска-Давкова.

Таа посочи дека најважно е дека систем на рано предупредување веќе постои заради координацијата меѓу сите надлежни органи.

,,Се разбира, тоа е многу важен и поврзан со што со постојаното следење на состојбите на воените состојби. Значи, институциите ја следат состојбата во рамките на надлежноста, ги анализираат состојбите, се координираат, информираат, и затоа мислам дека оваа оценка на стабилност и на безбедност е релевантна и важна.

Редовно се вршат ризици, проценка на ризиците и сите се обврзаа така како што денеска ја образложија врз основа на добиените податоци и информации состојбата, тоа да продолжат да го прават. Се разбира, ние сме во координација и со органите во регионот и со нив.

Како што знаете, сè уште НАТО немал седница која ќе биде посветена, меѓутоа Советот за безбедност при ОН заседаваше. Се разбира дека и регионалните информации ќе бидат споделени. Долга беше седницата заради темелноста на анализите и на информациите и можеби уште да додадам, секогаш во вакви ситуации размислуваме за можното влијание не само на безбедноста, туку и на економијата, туку и на користењето на енергенсите и така натаму”, рече Сиљановска.

Во тој поглед, исто така надлежните информирале дека нема проблем.

,,Како што знаете, интерконекторот меѓу Грција и нас веќе е во функција. Законот предвидува да мора да има обезбедена обезбедена нафта за од четириесет до деведесет дена и тоа е исполнето.

Значи, од она што го чув, јас како претседателка можам да кажам дека имам цврсто уверување, не само институционално, туку и документирано со податоци, дека нема зошто да се грижиме во моментов. Се разбира, ќе ги следиме состојбите и соодветно ќе реагираме. Само уште една реченица.

Веројатно знаете ширум светот секаде, но и тоа е под набљудување, постои или закана или сомнеж дека објекти од типот на, да речеме, синагоги или седишта на еврејската заедница кај нас има и Музеј на холокаустот, дека може да бидат места коишто треба посебно, на коишто треба посебна грижа да им се посвети и внимание.

Добивме информации од надлежните дека и тоа се следи и дека и тоа е под заштита и дека и тоа е под контрола, што значи не може да очекуваме изненадување. Тоа е она што можам да го кажам. Се разбира, мислам дека во вакви моменти најдобро е човек најважното да го каже и обските констатации, бидејќи гледате со каква брзина се менуваат настаните.

Многу важно е да се следат и многу важно е соодветно да се реагира. Тука можеби една од најважните улоги е нашата или нашата, и јас мислам дека овие денови дека тоа се одвива како што треба. Благодарам”, рече Сиљановска-Давкова

 

Најнови вести од: Македонија

To top