Македонија

Сиљановска-Давкова со највисоки почести го пречека претседателот на Албанија, Бајрам Бегај

По пречекот, тие имаа тет-а-тет средба, а потоа и пленарен состанок на македонската и албанската делегација.

Со највисоки државни и воени почести денеска во вила „Водно“ претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова го пречека својот албански колега Бајрам Бегај, кој е во официјална посета на земјава.

По пречекот тие имаа тет-а-тет средба, а потоа и пленарен состанок на македонската и албанската делегација.

Во фокусот на разговорите беа севкупните билатерални односи, кои се традиционално пријателски и партнерски, како и можностите за нивно понатамошно продлабочување во повеќе сфери од заемен интерес.

Соговорниците разменија мислења за европските аспирации на двете држави, соработката во рамките на НАТО алијансата и актуелната безбедносна состојба на европскиот континент, како и за соработката во рамки на регионалните иницијативи.

Беше изразена подготвеност за натамошно унапредување на политичкиот дијалог и институционалната соработка, во интерес на граѓаните на двете држави.

Се очекува Сиљановска-Давкова и Бегај да имаат и заедничка прес-конференција.

За време на посетата, претседателот Бегај ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

Според агендата на официјалната посета, албанскиот претседател ќе има средба и со претседателот на Собранието, Африм Гаши, а потоа и ќе се обрати пред пратениците.

Претседателот на Албанија посетата на земјава ја започна вчера со посета на Општина Чаир.

За утре е најавена посета на албанскиот претседател на Тетово, за што преку објава на Фејсбук информира градоначалникот на Општината, Билал Касами.

Албанскиот претседател во сабота во Тетово

Најнови вести од: Македонија

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Судење за „Пулс“: Инспекторка утврдила нова фирма, но не направила нова контрола поради „немање влијание врз животната средина“

На денешното судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше инспекторка за животна средина во Општина Кочани, која истакна дека во 2022 година утврдила оти објектот работи под друго правно лице, но не извршила повторен надзор бидејќи сметала дека станува збор за субјекти што немаат влијание врз животната средина

To top