
Претседателката Силјановска Давкова посочи дека на последниот попис во Бугарија имало речиси ист број регистрирани Македонци како кај нас Бугари. –

Мене ме чуди, посочи претседателката на Македонија Сиљановска Давкова, зошто 1.350 луѓе кои зборуваат бугарски, така се изјасниле, би заслужувале промена на Уставот и уставен статус, а исто толкав број Македонци, и покрај дваесетината пресуди и покрај одлуката на Обединетите Нации во Комитетот за правата, не заслужуваат такво нешто – истакна таа.
Силјановска Давкова нагласи дека зборува за бројка од 1.350, оти, подвлече, „она врзано со чувствата не го разбира“. – Правнички можете да стекнете државјанство само на три начини: преку родители, преку раѓање или со натурализација“ . Четвртиот, бугарскиот, е непознат. Бидејќи тоа значи да изразите на лист хартија чувства дека не само вие имате бугарски чувства, туку и вашите имале. Значи, државјанство преку родители може да добиете ако вашиот родител бил државјанин на Бугарија или ако живеел и се родил во Бугарија. Е како сега не е за чудење таа бројка, од која секогаш се шокираат Европјаните, бидејќи велат дека влегуваат илегално луѓе или преку вакви државјанства– рече Силјановска Давкова.

Таа рече дека Бугарија не го признава македонскиот јазик.
– Многу чудно е што во одговорот на Комитетот за министри, којшто бара од Бугарија признавање на тој факт од 1.320 мислам беше, иако јасно ни е дека таа бројка е фиктивна, дека далеку повеќе има, одговараат бугарската министерка, претседател, премиер дека бројот е запоставлив и апсолутно нема потреба од вклучување на Македонците во телото за заштита на малцинствата, ниту од уживање на статусот којшто го имаат останатите. И па сега мене ме чуди, зошто 1.350 луѓе кои зборуваат бугарски, така се изјасниле, би заслужувале промена на Уставот и уставен статус, а исто толкав број Македонци, и покрај дваесетината пресуди и покрај одлуката на Обединетите Нации во Комитетот за правата, не заслужуваат такво нешто. Згора, колку е логично некој да вели дека вие не постоите, не ве признава, онаа теза што ја слушам дека „јазикот е признат“. Не е точно дека е признат. Во секој документ стои под фуснота дека Бугарија не го признава македонскиот јазик – рече шефицата на македонската држава.

Според неа, македонски граѓани бараат пасоши и во други држави, не се откажуваат од македонското државјанство, секогаш првото е примарно, туку одат од економски причини. За тоа што голем број македонски граѓани имаат бугарски пасоши, вели дека вина имаме како држава. – Да, имаме вина. Јас на нашите научници, професори, студенти во Словенија им се извинив што не ги сме ги препознале нивните квалитети, а Словенија тоа го сторила и станала нивна втора држава, како што викам јас. Голема одговорност имаме и сериозно треба да размислиме за најдобрите, најевропските, оти тие се секаде посакувани, а најмногу во соседството – рече претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.