Македонија

Сиљановска-Давкова: Евроинтеграцијата на Балканот e стратегиска потреба за стабилноста и безбедноста на Европа

Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на учеството на Светскиот самит на владите во Дубаи оствари средба со претседателот на Република Естонија Алар Карис, на којашто беа потврдени пријателските односи и естонската поддршка за македонските евроинтеграции. Сиљановска-Давкова се заблагодари за активната улога на Естонија во групата „Пријатели на проширувањето“ и искажа интерес за јакнење на заемната соработка со балтичката земја и склучување договори во областите од заемен интерес.

Шефицата на македонската држава Сиљановска-Давкова го реафирмира ставот дека евроинтеграцијата на Балканот e стратегиска потреба за стабилноста и безбедноста на Европа. „Остануваме целосно посветени на членството во ЕУ и стопроцентно усогласени со заедничката безбедносна и надворешна политика на Унијата.“ – рече Сиљановска-Давкова.

Укажувајќи дека постојат неискористени потенцијали во економијата, таа изрази очекување за развој на нови заеднички проекти и поголемо присуство на естонските инвеститори во земјава. Соговорниците разменија мислења за актуелните глобални предизвици.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски со честитка за Рамазан Бајрам: Како народ отсекогаш сме знаеле да стоиме еден покрај друг

Во овие свети денови, кога се заокружува месецот на пост, трпение и на духовна посветеност, да се потсетиме на вистинските вредности што нè обединуваат како луѓе – почитта, солидарноста, хуманоста и грижата за другиот.

To top