Македонија

Силјановска-Давкова: Струшката поетска приказна е најдобриот пример на Делчевиот културен натпревар меѓу народите во ова време на судири и војни

Потсетувајќи ги, како што рече, „оние, кои не веруваат во силата на зборот“, шефицата на македонската држава укажа во својата реч дека „на почетокот беше речта, а потоа забранетите книги“. „Меѓу нив е и Абецедарот, издаден во 1925 година во Атина, под притисок на Лигата на народите, којшто бил веднаш запленет и уништен, токму поради моќта на зборовите да го оживеат македонскиот јазик и идентитет кај децата – Македонци.“ – нагласи Гордана Силјановска-Давкова.

Живиот збор, поетскиот збор, учи, преобразува. Во него лежи и од него извира силата на поетската република, на Струшките вечери на поезијата. Поетите го менувале и сѐ уште можат да го менуваат светот, градејќи вечни поетски мостови од неуништливи материјали: мислата и зборот, проткаени со ум и чувства.“ – нагласи претседателката на Република Македонија Гордана Силјановска-Давкова во својата реч, прогласувајќи ги синоќа како отворени годинашниве 64-ти Струшки вечери на поезијата во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга.

Претходно, во текот на вчерашниот ден со традиционалното садење дрвце и поетско читање во Паркот на поезијата во чест на добитникот на „Златниот венец“ на СВП за 2025 година, истакнатиот словачки поет, раскажувач, есеист и преведувач Иван Штрпка, започнаа активностите на овој светски познат фестивал на поезијата во Струга. Беше одржана и прес-конференција со лауреатот Иван Штрпка.

Струшките вечери на поезијата  ќе траат до 25 август и на нив ќе бидат застапени 70 поети од Франција, Турција, Кина, Шпанија, Ирска, Република Македонија и регионот на Балканот

Исто така, при свеченото отворање на оваа поетска манифестација во своето обраќање шефицата на македонската држава Силјановска-Давкова, ги потсети, како што рече, „оние, кои не веруваат во силата на зборот“, дека „на почетокот беше речта, а потоа забранетите книги“. „Меѓу нив е и Абецедарот, издаден во 1925 година во Атина, под притисок на Лигата на народите, којшто бил веднаш запленет и уништен, токму поради моќта на зборовите да го оживеат македонскиот јазик и идентитет кај децата – Македонци. Или, сетете се на браќата Миладиновци, но и на другите преродбеници, коишто самопрегорно ги собирале и ги запишувале народните зборови, песни, обичаи, гатанки и приказни, за да ги зачуваат од заборав и исчезнување. Ако зборовите немаат моќ, зошто моќниците од секоја историска епоха се обидувале да ги контролираат нив и нивните творци, од Овидиј, па до Лорка?“ – посочи Сиљановска-Давкова.

Според неа, струшката поетска приказна е „најдобриот пример и модел на Делчевиот културен натпревар меѓу народите, особено актуелен во ова ужасно конфликтно и воено време“.

Претседателката на Македонија Гордана Силјановска-Давкова се наврати и на историјатот на создавањето на Струшките вечери на поезијата во 1961 година, кога група македонски поети се собрале во Струга, за да ја одбележат 100-годишнината од објавувањето на Зборникот на браќата Миладиновци. Таа го поздрави враќањето на најважните белези на Струшките вечери на поезијата: читањето кај споменикот на „Свети Климент“ во Охрид, поетското пловење и рецитирање во Свети Наум и поетското утро во дворот на црквата „Света Богородица Перивлепта“. По свеченото отворање „Струшките вечери на поезијата“ синоќа продолжија во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга со Меѓународното поетско читање „Поетски меридијани“.

Насоченоста на годинашново издание на струшкиот поетски фестивал е на глаголицата. Токму затоа, за неговото претставување беа подготвени графички и видео содржини, кои во себе ја обединуваат глаголицата како фонт, кој реферира на првата неофицијална кодификација на македонскиот јазик преку првите преводи на она, што е познато како старословенски јазик. Сообразно со ваквиот концепт на СВП 2025 е и изложбата „Македонска глаголица – Визуелни рефлексии“ на графичкиот уметник Лазе Трипков во хотелот „Дрим“.

Најнови вести од: Македонија

Костовски: Наскоро почнува градбата на нова поликлиника во Бутел, за да се подобри здравствената заштита на жителите!

Општина Бутел ќе добие нова модерна поликлиника, откако денеска беше потпишан договорот со економски оператор за реализација на проектот. „Носител на овој мега проект е општина Бутел. Министерството за здравство партнерски ќе учествува во него. Премиерот Христијан Мицкоски стои зад овој проект.“ – објави на својот фејсбук-профил градоначалникот на Бутел Дарко Костовски.

Мицкоски: Нема да бидеме предизборна алатка во рацете на политичари од Бугарија, кои му припаѓаат на минатиот век!

„Во овој момент не би сакал да бидеме алатка во рацете на политичари во Бугарија, кои му припаѓаат на минатиот век, а не гледаат кон идината. Да не им дозволиме на тие политичари да водат изборна кампања врз ова прашање.“ – изјави денес претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со амандманите во извештајот на Томас Вајц за Македонија.

Скандалозни злоупотреби во МВР! – Полицајци за лажни боледувања менувале матични лекари, за да не одат на работа!

Фондот за здравствено осигурување ја заврши контролата на 80 лица и 105 приватни и јавни здравствени установи, откривајќи бројни злоупотреби при издавање на боледувања. Вкупната казна за установите со неправилности изнесува околу 1,2 милиони денари, а сите случаи се известени во МВР за понатамошно постапување.

Мицкоски: Реконструкција на Владата во мај, или јуни – Нема коалициски договори и преговори со други партии

Премиерот на Владата на Република Христијан Мицкоски изјави дека во мај или јуни, за кога се планира реконструкцијата на Владата, ќе се знае дали и кој министер ќе замине од одредено министерство, или ќе премине во друго министерство.

„Цунами“ од семејни насилства: тетовец секојдневно ѝ се заканувал на сопругата и децата, ја тепал и ја нападнал со нож!

Вчера, на 22 март 2026 година околу 21 часот во Тетово, полициски службеници го лишија од слобода Б.И.(43) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од неговата 42-годишна сопруга дека ја нападнал физички и со остар предмет. Во претходниот период секојдневно се однесувал агресивно и упатувал закани кон неа и нивните деца.

Најнови вести

To top