Македонија

Сиљановска-Давкова: Верувам дека изјавата на Кос е несреќна, идентитетот не се препознава низ ајвар и пинџур

Сиљановска-Давкова посочи дека познатиот словенечки литерат Франце Прешерн пишувал љубовна поезија на германски јазик, но никому не му паѓа на памет да рече дека не е Словенец

Не сакам да верувам дека навистина идентитетот може да се препознае низ ајварот, виното, пинџурот и слично, верувам дека изјавата на еврокомесарката Марта Кос е случајна или несреќна, изјави претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова во телевизиско гостување на Канал 5.

Таа додаде дека имала прилика да биде во Словенија и дека идентитет не е ајвар, пинџур и слично, што се гледа и од основачките документи на Европската Унија во кои има јасни параметри.

„Како некој кој докторирал во Словенија и ја чувствува како втора татковина, верувам дека е случајна или несреќна изјавата, не сакам да верувам дека навистина идентитетот може да се препознае низ ајварот, виното, пунџурот и слично, а некои од нив веќе се преземени од Словенија, ние веќе немаме ајвар, за жал имаме ајвер, што значи како интересна категорија е идентитетот“, вели претседателката.

Сиљановска-Давкова посочи дека познатиот словенечки литерат Франце Прешерн пишувал љубовна поезија на германски јазик, но никому не му паѓа на памет да рече дека не е Словенец и дека тој е не е дел од словенечкиот идентитет.

Најнови вести од: Македонија

„Соѕиданите“ 350.000 евра не биле на судијата, туку на неговите родители (ВИДЕО)

Адвокатот Давидовиќ, Бранител на апелациониот судија Ѓоко Ристов, кој доби мерка куќен притвор, изјави дека истрагата за противправно стекнување и прикривање имот е правно проблематична и не може да се примени врз судија

To top