Македонија

Сиљановска-Давкова: Во мировните преговори со само 7% учество лани жените имаат симболична улога

Родовата еднаквост и зајакнувањето на жените се предуслов за превенција и решавање на конфликтите. Потребно е почитување на основните вредности и принципи преку кои ќе се покаже дека родовата еднаквост не е феминистичка привилегија туку хуманистички императив. Ова беа дел од пораките кои беа испратени на одбележувањето на 25-годишнината од усвојување на Резолуцијата 1325 на Обединетите нации – Жени, мир и безбедност”.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на конференцијата по повод 25-годишнината од донесувањето на Резолуцијата 1325 на Советот за безбедност на ООН ,,Жени, мир и безбедност”. Воден од разумот и дијалогот, наспроти силата и војната, според Сиљановска – Давкова, Советот за безбедност со Резолуцијата втемели нова перцепција за жените: од неми сведоци и жртви на насилството, тие станаа активни миротворки.

Според претседателката, проблемот не се реши ниту до оваа, ниту со десетината други резолуции зашто жените и девојчињата сè уште се најчестите и најголемите жртви на војните.

  • ,,Војната ги лишува женските суштества од човечкиот субјективитет, ги дехуманизира и инструментализира за воени цели”, истакна таа.

Во мировните преговори со само 7% учество во минатата година жените имаат симболична улога. Таа предупреди на неодржливоста на реалноста во којашто машката половина од човештвото поседува апсолутна моќ на одлучување за мирот и војната, а женската – никаква.

Сиљановска-Давкова смета дека е крајно време да сфатиме дека родовата еднаквост не е феминистичка привилегија и женски егоцентризам, туку хуманистички императив, бидејќи насилството и безбедноста не се женски, туку клучни општествени прашања.

Покрај претседателката, на настанот се обратија: Владо Мисајловски, министер за одбрана; Михалис Рокас, амбасадор на Европската Унија и Весна Ивановиќ-Кастаред, раководителка на канцеларијата на UN Women.

Евроамбасадорот, Михалис Рокас посочи дека оваа Резолуција дала глас на вистината дека женското лидерство е клучно за постигнување на праведен и траен мир. Потенцираше дека 25 годишнината е можност да се оддаде почит на досегашните достигнувања но и можност за подобрување на состојбата во светот.

Издавањето поштенска марка во чест на 25-годишнината од Резолуцијата 1325 на ООН ,,Жени, мир и безбедност” манифестира висока демократска свест за важноста на активната улога на жените во мирот и безбедноста.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top