Македонија

Момин Поток пред завршница: Поставен асфалт на мостот, се гради и последниот од петте моста

Наследивме заглавен проект, а денес сме речиси пред крајот!

Изградбата на клучката кај Момин Поток е речиси при крај, соопшти градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски кој сподели видео на Фејсбук.

– Наследивме заглавен проект, а денес сме речиси пред крајот! Веднаш штом ја презедов одговорноста за Скопје, ги завршивме експропријациите што ја кочеа изградбата на клучката „Момин Поток“. Оттогаш работиме со едно темпо и со една цел за скопјани конечно да ја добијат оваа клучна сообраќајна врска – вели Ѓорѓиевски во објавата.

На мостот, како што информира градоначалникот, веќе се поставува асфалт, а се гради и последниот од петте моста.

– Едната коловозна лента е веќе асфалтирана. Следуваат асфалтирањето на другата лента, завршниот слој асфалт и изградбата на уште еден кружен тек. Кога се сака, сѐ се може.
А ние го сакаме Скопје и тоа го покажуваме со дела! – вели Ѓорѓиевски.

Најнови вести од: Македонија

Ајри Шеј, Tessa Group: Иднината им припаѓа на бизнис моделите кои ги интегрираат енергетиката, напредните технологии и сајбер безбедноста

На четвртата конференција за дигитализација на АмЧам се обрати и министерот за дигитална трансформација во Владата, Стефан Андоновски, чие излагање беше посветено на креирање на услови за идните индустрии. На конференцијата зборуваа и претставници на ЕВН Македонија, претставници на ТИТАН Усје, Телеком на други компании од земјата.

To top