Македонија

Силјановска-Давкова: За да влијаеме врз иднината, мора да ја уредиме сегашноста, младите да учествуваат во политиката и одлучувањето

„Пораката дека ‘иднината им припаѓа на младите’ не смее да стане оправдување за нивно исклучување од сегашноста.“ – порача претседателката на Република Македонија Гордана Силјановска-Давкова на средбата со млади во Охрид.

Во расправата под мотото „Меѓуврсничко насилство и вандализам: млади, училишта и дигитален простор“, организирана од Советот за млади во пресрет на Меѓународниот ден на младите – 12 Август, се разговараше за врсничкото насилство и кибер-насилството, поддршката за жртвите, постапувањето во училиштата и можните мерки за уредување на користењето на општествените мрежи кај децата и младите.

Силјановска-Давкова оцени дека постојаната изложеност на насилство преку војни, медиуми, филмови и дигиталниот простор влијае врз начинот на кој младите го доживуваат насилството. – Кога ќе го легитимирате насилството, тогаш не се чудете на ништо – рече претседателката, посочувајќи дека содржините на социјалните мрежи и во медиумите можат да влијаат врз однесувањето во реалниот живот.

Таа предупреди дека пораката „иднината им припаѓа на младите“ не смее да стане оправдување за нивно исклучување од сегашноста. – Земете ја сегашноста, ако сакате да влијаете врз иднината – порача Силјановска-Давкова, нагласувајќи дека младите треба да бидат вклучени во одлучувањето на сите нивоа – од училиштата до институциите.

Според неа, борбата против насилството не треба да се сведува само на статистики, бидејќи зад секој случај стои човек со чувства, желби и достоинство. Таа ја нагласи и важноста на непосредниот контакт и дружењето, особено во време кога голем дел од комуникацијата меѓу младите се одвива во дигиталниот простор. Претседателката посочи и дека вербалното насилство, навредите, омаловажувањето и нетолеранцијата често се потценуваат, иако претставуваат форми на насилство. Според неа, виртуелното однесување понекогаш значително се разликува од однесувањето во непосреден контакт. – Наместо прифаќање на насилството како начин на комуникација и решавање конфликти, потребно е да се гради култура на почит, разбирање и ненасилно однесување – порача Силјановска-Давкова.


Таа се осврна и на поделбите по етничка и верска основа, нагласувајќи дека припадноста не смее да биде критериум според кој ќе се вреднува човекот, ниту причина за поделби меѓу младите. За превенција од насилството, според претседателката, потребен е системски пристап во кој ќе бидат вклучени образованието, културата, музиката, филмот, драмата и спортот. – Мораме систем да создадеме. Сите треба да се активираме за да градиме култура на разбирање, мировна култура, наместо култура на страв – порача таа.

Министерката за култура Весна Јаневска оцени дека агресијата меѓу младите станува сè побрутална, а особено загрижува тоа што насилните инциденти се снимаат и објавуваат на социјалните мрежи. Таа посочи дека, покрај семејството, врз однесувањето на младите влијаат и медиумите и дигиталниот простор. Во таа насока, како што рече, Министерството за образование и наука во соработка со Комората на психолози спроведува обуки за наставници за препознавање на раните знаци на агресија и проблеми во семејството. Досега се опфатени 30 општини.

Јаневска најави дека превенцијата од насилството ќе остане приоритет, вклучително и следење на ефектите од обуките и создавање база за подобра превенција. Меѓу мерките ги посочи програмите за превенција од насилство во училиштата, поголемото присуство на наставниците во ходниците и училишните дворови, прирачниците за справување со врсничкото насилство и активностите против кибер-насилството. Најави и законско решение со кое би се предвиделе казни за родителите на деца кои вршат насилство. 

Според Јаневска, промената не може да се постигне само преку училиштето или семејството, туку бара ангажман на целото општество. – Менувањето на менталитетот не е нешто што се случува денес-утре, туку процес што трае и кој не може да го направи само семејството или само училиштето – тоа го прави целото општество – порача министерката.

Најнови вести од: Македонија

Скопје има безбедна вода за пиење, вели Ѓорѓиевски

Изворот Рашче е под постојан, 24-часовен надзор и обезбедување. Станува збор за простор кој е силно заштитен со видеонадзор, како и со физичко обезбедување на голема површина околу изворот. Затоа, на граѓаните сакам да им порачам, бидете спокојни. Скопје има безбедна вода за пиење, пишува градоначалникот

Туристички бум во јуни – во Македонија дошле над 113.000 гости, најмногу од Турција

Јуни донел силен прилив на странски гости во земјава, но ниту тоа не било доволно првата половина од 2026 година да заврши со раст на туристичкиот промет. Бројките покажуваат интересна слика – странците убедливо доминираат меѓу посетителите, Турција е далеку пред останатите пазари, а домашните туристи бележат пад.

Македонија сама го решава проблемот со визи за професионалните возачи, вели Николоски

Maкедонија веќе има билетарални договори за транспортерите со Швајцарија, Хрватска и со Романија, а се работи и со Австрија, Германија и со Унгарија, изјави вицепремиерот Александар Николоски.

Им пречат македонштината, историјата и македонската приказна – ВМРО-ДПМНЕ реагира на обвинувањата од СДСМ

Опозициската партија обвинува дека во видеото објавено по повод прославата се изоставени клучните државни достигнувања, како што се зачленувањето во ОН, НАТО и добивањето кандидатски статус за ЕУ.

Трпение до први септември, потоа протести на границите од транспортерите

Во организација на Асоцијацијата „Макам-транс“, се одржа регионална средба на претставници на здруженијата на превозници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Тема на беа актуелните проблеми со кои се соочуваат професионалните возачи во однос на ограничувањето и броењето на деновите за престој во Шенген зоната, како и дефинирање чекори за надминување на оваа состојба.

Земјоделците, откупувачите и преработувачите се договорија: откуп на „ајварката“ од прва класа по 40 денари за килограм

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски денес од Струмица соопшти дека е постигнат договор меѓу земјоделците, откупувачите и преработувачите за откупната цена на ајварската пиперка.

Samsung ќе ги претстави најновите иновации во гејмерството на Gamescom 2026

Претставува интегрирано, full-stack искуство за гејмерство кое опфаќа компјутери, конзоли и мобилни уреди
Претставува производи, вклучувајќи ги Odyssey G8, Galaxy Z Fold8 Ultra, 9100 Pro SSD и други
Домаќин е на Светското финале #PlayGalaxy Cup со специјален натпревар помеѓу глобалните влијателни личности за видео игри

Дарувањето органи како надеж за нов живот: Два живота спасени благодарение на хуманоста на едно семејство

Во пресрет на 13 август – Светски ден на органодарителство, се приклучуваме на светската иницијатива за подигнување на свесноста за значењето на дарувањето органи и им се заблагодаруваме на сите семејства кои со својата одлука подариле живот. Бидете дел од промената. Бидете причина за нечиј нов почеток, велат од Министерството за здраство.

To top