Македонија

Силувачот на девојче од Македонија во Пеќ е во притвор

Се соочува со 10 години во затвор

Силувачот на малолетничка од Македонија во Пеќ е во притвор  каде што чека одлука на обвинителството.

Засега неименуваниот силувач е уапсен за време на викендот откако станал  осомничен за силување малолетничка од Македонија во косовскиот град Пеќ.

 

 

Лицето било уапсено на 14 август откако силуваното девојчето, државјанка на Македонија, дало изјава за локалната полиција.

„Пријавено е дека осомничениот косовски маж е уапсен, бидејќи постои сомневање дека ја силувал жртвата, државјанка на Македонија (малолетничка). Осомничениот, по сослушувањето од страна на обвинителот, е приведен“, се наведува во извештајот на Косовската полиција.

Косовското обвинителство се уште работи на случајот и се очекува по завршувањето на истрагата осомничениот да биде гонет за силување за при може да заврши до 10 години во затвор.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Преносот на останките на Цар Самоил го коментирам преку Бледскиот договор, со кој во Скопје беа донесени посмртните останки на Гоце Делчев

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во врска предавањето на посмртните останки што се идентификуваат со Цар Самоил, од Грција во Бугарија, се осврна на Бледскиот договор, посочувајќи на историскиот контекст по капитулацијата на фашистичка Бугарија во Втората светска војна и на пренесувањето на моштите на Гоце Делчев во Скопје.

Палангурски: Нема ДНК-анализа и Бугарија не знае со сигурност дали се од Самоил коските, што ќе ги добие!

Бугарија не направи ДНК-анализа на посмртните останки што ќе бидат донесени во Бугарија за да се потврди дали му припаѓаат на цар Самуил, а целата акција не беше добро подготвена, ниту пак е направен каталог и студија за артефактите што ќе ѝ бидат вратени на Грција – рече историчарот проф. Милко Палангурски од Трновскиот Универзитет во емисијата „Здраво, Бугарија“ на бугарската Нова.тв.

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни повеќе од седум милиони евра

Во Општина Струмица преку Министерството за транспорт во тек е реализација на инфраструктурни проекти во вредност од над седум милиони евра, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на средба со градоначалникот Петар Јанков, општинската администрација и пратениците Ели Панова и Жан Дрвошанов.

Албанскиот национален симбол – двоглавиот орел повторно поставен на Кораб, македонското знаме отстрането!

Двоглавиот албански орел повторно е поставен на врвот Кораб, додека македонското знаме, кое во меѓувреме било поставено на локацијата, е отстрането, објави порталот на албански јазик „Коха“. Порталот објави и снимки од локацијата, наведувајќи дека симболот бил вратен откако пред неколку дена бил отстранет.

Најнови вести

To top