Македонија

Синдикатот на контролори на летање при М-НАВ ќе тужи и до Стразбур

Апелациониот суд Скопје се премисли и му забрани на Синдикатот на контролори на летање при М-НАВ да штрајкува без да му дозволи гранковиот синдикат, бидејќи овој е само негова подружница. За разлика од првиот пат, кога во декември 2025 Апелација ваквата првостепена одлука ја укина и ја врати на повторно судење, сега при исти услови ја потврди во корист на директорите на М-НАВ кои го тужат Синдикатот на контролори кој лани зимата се закани со штрајк.

Апелациониот суд во Скопје донесе конечна одлука со која ја потврди забраната за штрајк на Синдикатот на контролори на летање при М-НАВ, оценувајќи дека подружницата нема право самостојно да организира штрајк без согласност од гранковиот синдикат. Одлуката претставува пресврт во однос на претходното постапување на истиот суд. Во декември минатата година Апелација ја укина првостепената пресуда и предметот го врати на повторно одлучување, но сега, при исти околности, ја потврди одлуката донесена во корист на менаџментот на М-НАВ, кој ја иницираше судската постапка по најавите за штрајк на контролорите.

Од Синдикатот оценуваат дека ваквата пресуда сериозно го ограничува уставно загарантираното право на штрајк и предупредуваат дека може да создаде судска практика со последици за сите синдикални организации и работници во државата.

Претседателот на Синдикатот на контролори на летање, Александар Тасевски, изјави дека ова не е спор кој се однесува само на вработените во М-НАВ, туку на иднината на синдикалното организирање во Македонија.

  • „За првпат се создава судска пракса со која се ограничува правото на штрајк како уставно загарантирано право. Особено загрижува што реактивирањето на веќе започнат штрајк, предвидено со претходно постигната спогодба, се третира како сосема нов штрајк“, рече Тасевски.

Тој посочи дека во судската постапка биле доставени бројни докази, меѓу кои и спогодба склучена во процес на помирување, во која било јасно утврдено дека штрајкот може повторно да се активира доколку работодавачот не ги исполни преземените обврски. Според Синдикатот, судовите не ги ценеле овие докази во целост и не ја земале предвид фактичката состојба во која бил постигнат договорот. Контролорите на летање со години предупредуваат на проблеми во работењето на М-НАВ, вклучително и, како што тврдат, партиски вработувања, недоволно модернизирана и неисправна опрема, проблеми со радарскиот систем и други прашања кои, според нив, директно влијаат врз условите за работа и безбедноста на воздушниот сообраќај. Тасевски дополнително обвини дека во повеќе работни спорови судовите различно ги третирале тужбите на контролорите и оние поднесени од менаџментот на М-НАВ.

  • „Нашите приватни тужби за работни спорови биле враќани на дополнување поради формални недостатоци, додека во тужбите на менаџментот недостасуваат исти податоци, но тие сепак добиваат судска разрешница во нивна корист“, изјави тој.

По исцрпувањето на редовните правни механизми, Синдикатот најавува дека ќе побара правно мислење од Врховниот суд, ќе поднесе иницијатива до Уставниот суд, а доколку не добие заштита на своите права, ќе ја продолжи постапката пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Според контролорите, конечната одлука на Апелациониот суд отвора сериозни дилеми околу примената на Законот за работни односи, Законот за мирно решавање на работните спорови, синдикалните слободи, како и усогласеноста со Европската конвенција за човекови права и конвенциите на Меѓународната организација на трудот.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски во Берлин на собир на ,,Коалицијата на волните”

Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска во Берлин учествуваше на состанокот на Коалицијата на волните посветен на актуелната состојба во Украина и напорите за постигнување мир

АмЧам: Реформите, иновациите и меѓународните стандарди предуслов за подобра здравствена заштита

Американската стопанска комора во Македонија е акредитиран член на Стопанската комора на Соединетите Американски Држави и на мрежата на Американски стопански комори во Европа, организација која претставува 49 Американски стопански комори од 47 земји во Европа и Евроазија.

Велјановски до опозицијата: Не може да се заборави како ја пљачкавте државата

На денешната собраниска седница на Комисијата за финансирање и буџет каде се дискутираше Предлог-Буџетот за 2027 година, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски, кажа дека и покрај долговите наследени од претходната влада, предводена од СДС, кои се тежок товар за државата, оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со силни инвестиции, со работа на фискална консолидација, но и со зајакнување на здравствената и социјалната заштита на граѓаните.

Ристески: Клучен приоритет на Владата е да ги задржи младите во Македонија

Законот за сезонски работници што е во сила од 1 јануари 2026 година, сѐ уште не ги дава очекуваните резултати, но ова не е закон направен за една година. Затоа организираме информативни средби и настани со помош на медиумите, стопанските комори, работодавачите и синдикатите – за да ги анимираме луѓето дека пензионери, студенти, оние кои сакаат дополнително да работат и сите категории невработени лица можат да го искористат, без притоа да го изгубат стекнатиот статус, да имаат комплетно пензиско и здравствено осигурување, фер ангажман, платен работен час колку што се ангажирани дополнително и со тоа да остварат дополнителни приходи – рече денеска заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

To top