Македонија

Синот на премиерот Мицкоски меѓу потешко затруените ученици во ОУ „Димо Хаџи Димов“

Според Мемеди, децата се во стабилна здравствена состојба, а биле примени со стомачни тегоби и со повраќање.

Двајца ученици од скопското основно училиште „Димо Хаџи Димов“ се хоспитализирани на Детската клиника, потврдува директорот на оваа здравствена установа, Реџеп Мемеди.

Според Мемеди, децата се во стабилна здравствена состојба, а биле примени со стомачни тегоби и со повраќање.

Директорот вели дека првите деца со слични симптоми побарале помош на клиниката синоќа.

„Синоќа за преглед дојдоа седум ученици од ова училиште. Пет деца беа пуштени, а две задржани на лекување. Од тие две деца денеска едно беше пуштено дома. Денеска, пак, дојде уште едно 11-годишно, дете кое е задржано на лекување“,вели Мемеди.

Меѓу основците што побарале помош во Клиничкиот центар, е и помалиот син на премиерот Христијан Мицкоски, кој учи во ова училиште. Синот на премиерот бил хоспитализиран два дена, но веќе е пуштен на домашно лекување.

Хоспитализацијата на децата доаѓа откако дел од основците се пожалија на стомачни тегоби и појавуваат симптоми на труење.

Инспекциски служби на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) веднаш почнаа со вонреден инспекциски надзор во училиштето.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДЗСИ) ја затвори кујната во ОУ „Димо Хаџи Димов“. Директорот на ДЗСИ, доктор Кирил Лазов, вели дека освен затворање на кујната како потенцијален извор на зараза, наредени се вонредно чистење и вонредни здравствени прегледи на вработените во училиштето. Земени се мостри од работните површини, но директорот на ДЗСИ вели дека за детали ќе мора да се почекаат официјалните резултати

Најнови вести од: Македонија

Палмер: Жално е што Бугарија е во позиција да го блокира Скопје за ЕУ

Билатералните спорови не треба да го попречуваат пристапниот процес и очекува поактивна улога од Брисел и од клучните земји членки, вели поранешниот специјален претставник на САД за Западен Балкан, Метју Палмер

Богојески пак ја шокира јавноста: „Хистерични кучкарки“, „комунистичка левичарска багра“ и „левичарска булумента“ (ВИДЕО)

На своите политички и идеолошки противници им ја припишува одговорноста за порастот на убиствата на жени, а тие кои протестираа ги обвини дека заработуваат од странски фондации и амбасади

Памер: Вториот протокол не е дел од Преговарачката рамка за Македонија (ВИДЕО)

Бугарија може да биде опомената од земјите членки на Европската Унија доколку се обиде да го користи Вториот протокол меѓу Скопје и Софија од јули 2022 година како услов за земјава за продолжување на нејзиниот евроинтегративен пат, бидејќи тој не е дел од Преговарачката рамка со ЕУ

To top