Македонија

Скандал: „Аналитичарот“ Мехази повикува да се подели „РСМ“ на албански и македонски дел, „зашто никој не ја сака, дури ниту Македонците“?!

Дали и како ќе реагираат надлежните државни институции во Република Македонија по ваквиот јавен повик за уривање на нејзиниот територијален интегритет, но имајќи ги предвид и сериозните квалификации за „нереагирањето на НАТО и да се пролее крв во државата“, како и етничките навреди дека „Македонците се Славосрби“?

„Политичари од С.Македонија, можете ли да ги чуете граѓаните дека никој не ја сака оваа земја, ниту Албанците, ниту Македонци? Затоа, здружете се и поделете ја С.Македонија на два дела: Албанците од една страна, Македонците од друга страна и секој нека си работи за себе. Зашто, не се прави држава со Македонци и Албанци, кои не се сакаат едни со други!“ – наведува Сулејман Мехази од Тетово во својство како „аналитичар“, во својата скандалозна колумна со наслов „Дури ни самите Македонци не ја сакаат С.Македонија“, која ја објави весникот на албански јазик „Бота сот“.

Натаму Мехази наведува: „Велите дека не може да се подели затоа што е членка на НАТО, но НАТО не се грижи за внатрешната политика на РМВ, но дури и да се пролее крв внатре во РМВ, НАТО нема да реагира, затоа што мисијата на НАТО е да ја заштити С.Македонија однадвор, а не од албанско-македонските политички проблеми.“

„Вие, албански политичари, не молете ги Македонците да живеат со нас, тие не нè сакаат, а зошто ние да ги сакаме?! Не плашете се и однесувајте се храбро како што им доликува на Албанците, а географската и геостратегиската положба е на страната на албанските граѓани во С.Македонија, која  освен Србија, никој не ја сака околу границите: Грција не ја сака оваа република, Бугарија не ги сака, потоа на границата има и Албанци од Косово и Албанија. Македонците се Славосрби, затоа се согласуваат само со својот геноциден сосед Србија.“

„Ако се случи во српските села во Куманово РМВ да биде нападната од српски терористи, како во Бањска на Косово, сигурни сме дека мнозинството Македонци од се срце би ги поддржале терористите на Стоилковиќ и Вучиќ во Куманово.“

Најнови вести од: Македонија

Стопанската комора со план за економски развој на Зелениково и Чучер-Сандево, ќе има и нови инвестиции

Стопанската комора на Северна Македонија ќе им обезбеди поддршка на општините Зелениково и Чучер-Сандево за поттикнување на локалниот економски развој, подобрување на деловната клима и искористување на европските фондови. Меѓу приоритетите се развојот на руралниот и алтернативниот туризам, унапредувањето на инфраструктурата и формирањето заедничка бизнис-заедница.

(Фото+Видео): Мицкоски со „Дојче Телеком“ во Бон разговараше за можни инвестиции

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека разговорите со раководството на Германскиот Телеком во Германија биле насочени кон можностите за нов инвестициски циклус во Македонија, не само во телекомуникацискиот сектор, туку и во области со висока додадена вредност.

(Фото): Блокирани 104 веб-страници за нелегално онлајн коцкање

Во согласност со доставениот налог, посочува Министерството, АЕК е должна во рок од пет дена од неговото добивање да го проследи до операторите на електронски комуникациски мрежи. Операторите треба веднаш да постапат по налогот и да го ограничат пристапот до наведените веб-страници, со прикажување соодветно известување за причината за блокирањето.

To top