Македонија

Скопјанец возел со 3.06 промили алкохол во крвта

Лишен од слобода и доби кривична пријава од МВР

СВР Скопје – Полициска станица Карпош поднесе кривична пријава против  А.П.(40) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Имено, на 27.09.2025 во 19:00 часот на  подрачје на Карпош во Скопје, постапувајќи по претходна пријава од двајца граѓани, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.П. затоа што бил затекнат како управува патничко возило „алфа ромео“ со скопски регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно по преземени мерки измерени му се 3,06 промили алкохол во крвта.

Тој е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него е поднесена пријавата.

lisen-od-sloboda-i-krivicna-prijava-protiv-skopjanec-koj-upravuval-vozilo-so-306-promili-alkoxol-vo-krvta-image-FEDS.jpg
lisen-od-sloboda-i-krivicna-prijava-protiv-skopjanec-koj-upravuval-vozilo-so-306-promili-alkoxol-vo-krvta-image-giHu.jpg
lisen-od-sloboda-i-krivicna-prijava-protiv-skopjanec-koj-upravuval-vozilo-so-306-promili-alkoxol-vo-krvta-image-dHfy.jpg

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top