Македонија

Скопјаните Љ.А.(35) и Н.Д.(40) нападнале пејачка во локал во Аеродром и ѝ се заканувале, па полицијата ги уапсила!

Двајцата напаѓачи се лишени од слобода по инцидентот во угостителскиот објект на подрачјето на општина Аеродром, каде што, според пријавата, физички ја нападнале пејачката и ѝ упатувале закани, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„На 09.04.2026 во 02:13 часот во СВР Скопје С.К. пријави дека во угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром имало нарушување на јавниот ред и мир од страна на две лица“, соопшти МВР.

По пријавата, полициски службеници излегле на местото на настанот, каде биле утврдени дополнителни детали. „Пријавителот појаснил дека двајца мажи ја спречувале пејачката во локалот да работи, а едниот од нив кој се претставувал дека е од полиција, и физички ја нападнал“, соопшти МВР.

Во инцидентот, според пријавата, биле упатени закани и кон пријавителот. Полицијата презела мерки и ги привела осомничените лица. „Од страна на полициските службеници од слобода се лишени Љ.А.(35) и Н.Д.(40) двајцата од Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.

Најнови вести од: Македонија

Костадиновски: Никој нема да го чепне албанскиот јазик, неточно е дека некој сака да ја намали неговата употреба, затоа да не се манипулира со ова!

„Сакам да упатам еден апел, бидејќи премногу се манипулира со ова прашање. Никој нема да го чепне албанскиот јазик. Уставниот суд постои, за да помогне во уставно-загарантираните права дали се јазични, дали се соодветна правична застапеност, да бидат заштитени а не да ги укине. Тие се уставна категорија така што не ги прифаќам никако тие квалификации дека некој сака да го укине албанскиот јазик, да ја намали употребата, или да го загрози албанскиот јазик. Тоа е апсолутно неточно!.“ – нагласи претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Дарко Костадиновски во интервјуто за емисијата „Со факти”, емитувана на 08.04.2026 година на МРТ 1.

Хаџиу: Македонија без Албанците не е држава, таа е опасност! Ако продолжи нивното потценување како државотворен чинител, ќе се отвори пак фронт во Балканот!

„Албанците во Македонија се соочуваат сега со политичка практика, која ги потценува и ги релативизира, иако се државотворен чинител, а на ова нема никаков јасен и силен одговор од официјална Тирана. Секое слабеење на Албанците како фактор не е само нивно прашање. Тоа е отворање нов фронт во област, која отсекогаш била кревок тампон на Балканот.“ – наведува новинарот и политички аналитичар од Косово Батон Хаџиу во својата колумна со заканувачки наслов „Македонија без Албанците не е држава, таа е опасност!“, која ја објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА од Скопје.

Фаризи: ДУИ не може да функционира во правна држава, туку само во илегала, бидејќи оттаму се дојдени! – Нивен беше протестот за правосудниот испит на албански јазик!

„Ние треба да водиме надворешна политика, која ќе биде во рамнотежа со сите големи актери на светот. Ние сме демократска држава со стремеж кон Европската унија, но треба да ја водиме политиката според интересот на нашата држава, а не како ќе му се допаѓа на некој друг. Христијан Мицкоски дојде на власт со ветување дека ќе има цврст став оти нема да се промени на Уставот, ако нема гаранција од страна Бугарија. Тоа го подржувам. Ние не сме единствената држава, која има преговарано со соседите и нема држава, која платила толкава цена.“ – нагласува политичкиот аналитичар Љуљзим Фаризи во одговорот на прашањето како ја оценува Македонија на надворешен план, во рамки на интервјуто за „Република“.

Архиепископ г.г Стефан: На мајчин македонски јазик да објавиме ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!

Светлината на Христа воскреснатиот нека нè просвети, та, со нашата вера и со богоугодни дела, да го озариме светот со велигденска радост, па во братољубие, оттука, па до сите краишта на светот, до каде што нè има како народ и како Црква, да објавиме на нашиот мајчин македонски јазик: ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!

Најнови вести

To top