Македонија

Славески: Инфлацијата е стабилна, растот во декември е резултат на авионскиот превоз

Постојат добри основи 2025 година да ја завршиме со стапка на инфлација под 3%.

 

Декемвриските податоци даваат јасен сигнал дека инфлацијата е стабилна и дека постојат добри основи 2025 година да се заврши со стапка на инфлација под 3%, сподели на социјалните мрежи Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Државниот завод за статистика објави дека инфлацијата во декември 2025 година во однос на ноември 2025 изнесувала 0,4% и дека индексот на трошоците на живот во 2025 година во однос на 2024 бележи пораст од 4,1%, а индексот на цените на мало од 3,6%.

Според гувернерот „месечната инфлација во декември 2025 година, во споредба со ноември, изнесува 0,4%, при што растот се должи исклучиво на категоријата „транспорт“, каде што цените во истиот период пораснале за 5,8%.Овој податок е малку чуден во услови на стабилни цени на горивата и непроменетите цени во јавниот превоз.

Според структурата на индексот, клучен фактор за растот е енормното зголемување на цените на авионскиот превоз, кои во декември минатата година пораснале за дури 42%“, наведе Славески во пост на социјалната мрежа Х (Твитер).

Гувернерот оценува дека доколку од пресметката на индексот на цени за декември 2025 година се изостави транспортот, односно авионскиот превоз како целосно странска компонента, месечната инфлација во однос на претходниот месец би изнесувала точно 0,0%..

Ова, посочува Славески, е јасен сигнал дека инфлацијата е стабилна и дека постојат добри основи 2025 година да ја завршиме со стапка на инфлација под 3%.

 

Најнови вести од: Македонија

Влада: Не знаеме кого чекал Трендафилов во празна сала, премиерот ќе има средба со синдикатите в четврток

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, оцени дека е добро што премиерот го прифатил барањето на УПОЗ за зголемување на платите во управата и правосудството по речиси една година протести на работниците од овој сектор, но додаде оти денеска требало да се зголемат и платите на вработените во управата за 40 отсто.

Осигурителната компанија „Tриглав Осигурување АД“ со огромен раст на добивка

Триглав Осигурување АД, Скопје во претстојниот период очекува понатамошно профитабилно, безбедно и одржливо работење. Планираната премија во 2026 година изнесува 1.960 милиони денари, односно раст од околу 15 отсто во однос на 2025 година. Добивката се очекува да изнесува околу 75 милиони денари – стои во извештајот.

To top