Македонија Бизнис

Следната година студентите ќе се вселат во комплетно реновиран студентски дом „Кузман Јосифоски – Питу“

Државниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ е во процес на темелна реконструкција и се очекува на почетокот на следната календарска година објектот да биде целосно обновен, модерен и енергетски ефикасен. Денес увид во градежните работи извршија претседателот на Владата,  Христијан Мицкоски и министерката за образование и наука Весна Јаневска, кои посочија дека грижата за […]

Државниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ е во процес на темелна реконструкција и се очекува на почетокот на следната календарска година објектот да биде целосно обновен, модерен и енергетски ефикасен. Денес увид во градежните работи извршија претседателот на Владата,  Христијан Мицкоски и министерката за образование и наука Весна Јаневска, кои посочија дека грижата за младите е во фокусот на владините политики.

„Оваа активност е дел од проектот за енергетски ефикасна обнова на 9 државни студентски домови во Македонија, за кој голема поддршка добиваме од Европската унија и Германската развојна банка. Ова е прва фаза во која покрај студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“, опфатен е и студентскиот дом „Стив Наумов“, рече Јаневска, додавајќи дека досега е обезбеден буџет од 30 милиони евра за реализација на проектот.

Следна фаза е обновата на четири студентски домови – „Никола Карев“ во Охрид, „Браќа Миладиновци“ во Штип, „Орде Чопела“ во Прилеп и „Томе Стефановски – Сениќ“ во Скопје, кои треба да ја намалат потрошувачката на енергија од 30 до 50%, а со тоа и емисијата на јаглерод диоксид. Додека во третата фаза ќе се реновираат студентските домови „Гоце Делчев“ и „Пелагонија“ во Скопје и „Кочо Рацин“ во Битола.

„Споредено со тоа како било порано, станува збор за огромна разлика во условите и навистина студентите ќе уживаат во совладувањето на материјата на факултетите. Посакувам проектот што поскоро да се заокружи и студентите да почнат да се вселуваат“, рече премиерот Мицкоски, потенцирајќи дека Владата продолжува да ги реализира проектите и реформите кои граѓаните ги очекуваат.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

И оние што во летната сезона ќе работат во странство ќе мора да платат данок кон УЈП

Голем број македонски студенти кои во изминатите пет години учествувале во програмите за летна работа во Германија (Work & Travel) се соочуваат со неочекувани барања од Управата за јавни приходи (УЈП) за пријавување и оданочување на нивните приходи остварени во странство, пишува инстаграм страницата Студентарија.

Вучиќ разговарал со Путин, Србија и понатаму ќе добива двојно поевтин гас од Русија отколку на берза

Во случај на копнена инвазија врз Иран, светот, а особено Европа, ќе се соочи со најголемата енергетска катастрофа во историјата, предупреди српскиот претседател

To top