Македонија

Следниот месец исплата на првиот дел од солидарниот данок

Со Законот за данок на солидарност беа опфатени компании кои во текот на 2022 година остварија вкупен приход поголем од 615 милиони денари и согласно Законот во Буџетот во текот на 2023 година беа уплатени околу 50 милиони евра од страна на 156 компании.

Државата во текот на следниот месец треба да го исплати првиот дел од солидарниот данок коишто компаните во 2023 година го уплатија согласно Законот за данок на солидарност, објави МИА.

Од Министерството за финансии велат дека процесот за враќање на средствата уплатени согласно Законот за солидарен данок е започнат. – Донесен е Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на образецот на барањето за враќање на повеќе или погрешно наплатен данок и веќе е објавен во Службен весник. Компаниите треба да достават барање за поврат на средствата до Управата за јавни приходи, информираат од МФ.

Со Законот за данок на солидарност беа опфатени компании кои во текот на 2022 година остварија вкупен приход поголем од 615 милиони денари и согласно Законот во Буџетот во текот на 2023 година беа уплатени околу 50 милиони евра од страна на 156 компании. По поништување на Законот од страна на Уставниот суд, државата имаше обврска да ги врати средствата коишто беа уплатени во Буџетот по основ на Законот.

Врз основа на оваа Одлука на Уставниот суд, Министерството за финансии доби задолжение од Владата да пристапи заедно со компаниите кон утврдување модалитет за поврат на средствата, при што беше дефинирано повратот на средства да се изврши во две рати, односно во март 2026 година и во март 2027 година.

Најнови вести од: Македонија

Андреевски: Обвинителството да ги истражи Извештајот на ДЗР за ПОЦ за незаконитостите, сите сомнежи за грабеж и бесрамно пљачкосување на парите на центарци!

Извештајот на ДЗР за ПОЦ е полн со еден куп нерегуларности и сомнежи за криминал, овој документ заслужува посебна седница, нешто што советничката група на ВМРО-ДПМНЕ го побара. Сакајќи да избегне соочување со фактите пред очите на центарци, градоначалникот Герасимовски се обидува на нетранспарентен начин да ја протне расправата за оваа тема, на седница преполна со други точки, само за да пренасочи вниманието од оваа финансиска афера од невидени размери, објави Горан Андреевски, координатор на советничка групата на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар.

Мицкоски: До крајот на оваа седмица технички исправна вода во Гостивар, за пиење се очекува кон крајот на идната, откако целосно ќе се испере системот

Премиерот Христијан Мицкоски очекува до крајот на неделава водата во Гостивар технички да биде исправна, а кон крајот на следната недела и безбедна за пиење, доколку сите активности се реализираат според предвидената динамика.

Најнови вести

To top