Македонија

Следуваат добри вести од Вашингтон, премиерот сугерира трпеливост кај тие што поитаа да критикуваат

Потсети дека опозоцијата критикуваше и не така одамна, кога првично беа наметнати трговски тарифи од 33% од страна на САД

Премиерот Христијан Мицкоски денеска при посета на реконструираната спортска сала во Кратово даде изјава за медиумите во која најавува добри вести од Вашингтон.

На новинарско прашање во врска со блокадата на САД за издавање на визи за 75 држави, меѓу кои е и Македонија, Мицкоски одговори:

 

,,Министерството за надворешни работи веќе излезе со свој коментар. Станува збор за блокада на имигрантските визи, но тоа не важи и за визи наменети за туристички посети, студентски престој и слично”.

 

Премиерот најави дека во деновите што следат очекува да пристигнат доста пријатни вести во однос со визите, вклучително и со нашиот најголем стратешки партнер, Соединетите Американски Држави.

 

 

,,Јас жалам што опозицијата после жестоките критики кон Обединетото Кралство, сега истото тоа го прави кон САД. Ќе ве потсетам дека не така одамна, кога беа наметнати трговски тарифи од 33% од страна на САД. Опозицијата поитаа да го нападнат нашиот стратешки партнер, иако таа ставка се нивелираше на 15%. Затоа и би останал трпелив”, потенцираше Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

ОН: Бугарија ја прекршила слободата на здружување со одбивањето да регистрира организација на Македонци

Постоењето на здруженија кои мирно промовираат идеи за толеранција и коегзистенција на различни етнички групи мора да се заштити, дури и ако нивните ставови не се споделуваат од властите или од мнозинството на населението – изјавила Ивон Дондерс, членка на Комитетот за човекови права на ОН

To top