Хроника

Не им доаѓа памет: Уште деветмина во апс за безобѕирно управување возило

Седуммина, меѓу кои и малолетник, лишени од слобода за немање возачка дозвола, а двајца возеле под дејство на алкохол

Деветмина возачи се лишени од слобода за безобѕирно управување моторно возило во изминатото деноноќие, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од нив седуммина биле фатени без возачка дозвола, од кои еден малолетник, а двајца возеле под дејство на алкохол.

По двајца возачи во Скопје и во Тетово, од кадешто е малолетникоит, како и по еден возач во Велес, Делчево и Кавадарци возеле без возачка дозвола.

По еден возач во Тетово и во Куманово управувале возило под дејство на алкохол.

По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, најави МВР.

 

Најнови вести од: Хроника

ОЈО Скопје за „Алта банка“: Предмети отвораме на докази, а не на барања на политички партии – СДСМ му се заканува на Савески!

„Савески навреме нека се огради од Мицкоски и нека почне да си ја врши работата во интерес на граѓаните на Македонија, бидејќи во спротивно го чека истата судбина како неговите колеги во Србија!“ – се закани СДСМ преку својата портпаролка рече Богданка Кузеска.

УГД им го стави во мирување работниот однос на двајцата осомничени вработени за злоупотреби со студентски оценки

Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип информира дека го става во мирување работниот однос и им се одзема пристапот во електронскиот систем на двајцата вработени против кого Основното јавно обвинителство-Штип поведе постапка за злоупотреба на службената положба и компјутерска измама.

To top