Македонија

Со комплетната реконструкција на улицата „Палмиро Тољати“ во Ченто, населбата ќе добие нов лик

Николоски најави поддршка и во иднина за Општина Гази Баба, како и голем инвестициски циклус

Целосна реконструкција на улицата „Палмиро Тољати“ која е една од поважните сообраќајници во Ченто, започна денеска.

-Комплетна реконструкција на главната улица и сите нејзини краци во вкупна должина од 2,5 километри, истакна градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски кој воедно е и кандидат за нов мандат.

Стефковски додаде дека вкупната инвестиција, која е преку владата, е во висина од 37 милиони денари.

Министерот за транспорт, Александар Николоски, кој присуствуваше на почетокот на градежните активности нагласи дека ова е одличен проект кој е решение за цела населба.

-Мислам дека ова е начинот на кој треба да се водат проекти во иднина, да се изготвуваат целокупни решенија кои ќе значат целосно решение за една населба или едно маало, а не парцијални решенија. Убеден сум дека кога ќе заврши оваа работа, целата населба ќе добие нов лик и ќе стане многу поатрактивно место за живеење, посочи Николоски.

Николоски најави поддршка и во иднина за Општина Гази Баба, како и голем инвестициски циклус.

Најнови вести од: Македонија

Велигденска порака на Скопскиот бискуп и Струмичко–скопски епарх Киро Стојанов (ВИДЕО)

Среде вознемиреностa во светот да се молитме за мир и напори да се запре татнежот на бомбите, да се замолчи оружјето и да се даде можност на дијалогот во кој можат да се слушнат гласовите на народите

Николоски: ДУИ не изгради ниту еден километар автопат

Вицепремиерот и министер за транспорт изјави дека Владата инвестира меѓу 1,6 и 1,8 милијарди евра во изградба на автопати од Коридорот 8, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека во своите мандати не изградила ниту еден километар автопат

To top