Македонија

Со традиционалното капење на рибарите во Охрид одбележан празникот Свети Јован Крстител

Десетина граѓани на Охрид, тајфата на Никола Јакимоски, кој вчера го фати Чесниот крст во Охрид, како и неколкумина гости во градот и туристи, денеска во типично зимски амбиент со врнежи од снег, влегоа во студените води на Охридското Езеро. На тој начин тие ја продолжија традицијата на охридските рибари на православниот празник Свети Јован Крстител да се капат во езерото за да го одбележат почетoкот на риболовната сезона.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков во оваа прилика истакна дека Охрид живее од и за традицијата и тоа го одржувало духот на градот низ вековите.

– Поради временските услови откажан е забавниот дел од манифестацијата, но луѓето и во вакви временски услови уживаат во традиционалната храна, како плашиците, пачата и греаното вино и ракија…Не е тешко организирањето на ваквите манифестации оттаму што тука е долгогодишното искуство на луѓето во Охрид, институциите, сите субјекти кои и досега на свој начин биле вклучени во организирањето, рече Пецаков, кој и самиот има честопати скокано по Чесниот крст во водите на Охридското Езеро.

Денот на рибарите во Охрид е една од најкарактеристичните манифестации што се одржуваат на Богојавленските празници, како датуми од календарот што привлекуваат поголем број гости во градот надвор од главната туристичка сезона.

Славењето на Свети Јован Крстител или Денот на рибарите е потсетување на традицијата на капење на рибарите на денот кога се означувал крајот на мрестот на пастрмката и почетокот на сезоната на риболов. Во поново време на овој ден се одбележува почетокот на изловот на пастрмката за нејзино измолзување и вештачки мрест.

Текст и фотографија: Македонска информативна агенција – МИА

Најнови вести од: Македонија

Клековски: Во Гостивар забележани 109 нови случаи поврзани со епидемијата

Министерот за здравство Сашо Клековски информира дека во Гостивар се регистрирани 109 нови случаи поврзани со епидемијата, а по смирувањето на акутната фаза е воведен засилен надзор за следење на можни заразни заболувања.

Мицкоски: Протоколите не се дел од Преговарачката рамка, но ставот на бугарската страна е поинаков, поради егзибициите на претходната влада на СДСМ-ДУИ

Протоколите не се дел од Преговарачката рамка, но Бугарија го тврди спротивното, повикувајќи се на тоа што го договорила со претходната влада, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за протоколите за време на посетата на општина Илинден.

Водата за пиење во Крушево е исправна и безбедна за употреба – отстранет е дефектот во хлорирањето

Општина Крушево ја информира јавноста дека, согласно со резултатите од трите последователни лабораториски испитувања, извршени од страна на Центарот за јавно здравје-Прилеп, водата од градскиот водовод ги исполнува сите законски пропишани параметри за квалитет и е здравствено исправна и безбедна за пиење.

ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на СДСМ се на нивна штета

Додека надлежните институции и службите работат деноноќно за целосно надминување на состојбата со водоснабдувањето во Гостивар, СДС и Венко Филипче продолжуваат со старата пракса, политиканство, манипулации и обид за собирање евтини политички поени врз грбот на граѓаните

To top