Македонија

Сo указ на претседателката Сиљановска се отповикуваат амбасадорите во Италија, Австрија и Индија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова потпиша укази за отповикување на тројца македонски амбасадори и за проширување на надлежноста на четвртиот.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова потпиша укази за отповикување на тројца македонски амбасадори и за проширување на надлежноста на четвртиот.

Со укази објавени во „Службен весник“, од функција се отповикуваат:

  • Весел Мемеди, амбасадор во Италија (со нерезидентни должности за Сан Марино и Малта) – мандатот завршува на 31 јануари 2026 година;
  • Освит Росоклија, амбасадор во Австрија – мандатот завршува на 28 февруари 2026 година;
  • Слободан Узунов, амбасадор во Индија (со нерезидентни должности за Бангладеш и Шри Ланка) – мандатот завршува на 19 декември 2025 година.

Истовремено, амбасадорот во Бразил, Игор Попов, добива дополнителна акредитација како нерезидентен вонреден и ополномоштен амбасадор во Уругвај.

Овие рокади се дел од редовното ротирање на дипломатскиот кадар и се очекува наскоро да бидат објавени и имињата на новите амбасадори.

Најнови вести од: Македонија

Парламентот ќе гласа за двајца нови заменик-министри во Владата

Адмир Шабани, поранешен портпарол на ДИК, е предложен за заменик-министер за одбрана, а Дритон Сулејмани, поранешен советник од Куманово и портпарол на ВРЕДИ, е номиниран за заменик министер за образование

ДЗР: Плата за неработење, украдени лаптопи и пари од Министерството со кое раководеше Груби до 2024-та

Државниот завод за ревизија при ревизија во Министерството за односи меѓу заедниците за  2024 година констатирал кусоци на материјални средства, вклучувајќи 30 преносни компјутери, исплата на 61 процент на име плата на вработените без да се обезбедат податоци за нивното присуство на работа и точење нафтени деривати во возила за кои не може да се потврди дека се во сопственост на Министерството

To top