Македонија

Собир на македонските организации во Бугарија: Илинден ги обединува сите Македонци каде и да се (ВИДЕО)

Илинден не е само борба со пушки и барут туку и со срце и разум

На собирот на Македонците во Бугарија кој почна со македонската песна ,,Народе Македонски” во чест на Илинден им беше оддадена слава на загинатите Илинденци кои загинаа за идеалите на Гоце Делчев за независна Македонија.

 

Во пораката беше потсетено дека Илинден е ден што ги обединува Македонците каде и да живеат каков и дијалект да говорат затоа што знамето што го носат е во срцето.

 

Илинден не е само борба со пушки и барут туку и со срце и разум, беше кажано на настанот што се одржа во манастирот Св Ѓорѓија во градот Гоце Делчев Пиринска Македонија.

 

На одбележувањето на Илинден меѓу Македонците во Бугарија беа присутни сите најактивни организации на Македонците во Бугарија.

 

Бугарија се уште одбива да признае македонско малцинство кое се соочува со низа притисоци од страна на институциите и судовите кои одбиваат регистрација на организации и партии на Македонците во членката на ЕУ и НАТО.

 

Најнови вести од: Македонија

Велигденска убавина во Бутел: Воскресението не е приказна, туку сила што не потсетува да не се откажеме дури и кога е најтешко (ВИДЕО)

Овој убав пример од Бутел покажува дека вистинската убавина на Велигден не доаѓа од црквата, туку од срцата на младите кои со љубов го слават најсветлиот христијански празник.

Обид за опожарување на објектот на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

Остро и недвосмислено го осудуваме овој чин. Истовремено, повикуваме на јасна, гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани. Само преку заедничка одговорност и будност можеме да обезбедиме ваквите појави никогаш повеќе да не се повторат

To top