Македонија

Собранието го изгласа младинскиот додаток: Вработените до 23 години ќе добиваат по 3.000 денари месечно

Младите до 23 години вработени во производствени дејности ќе добиваат по 3.000 денари месечно, откако Собранието го усвои новиот Закон за младински додаток.

Собранието го усвои Законот за младински додаток со кој на младите лица до 23 години и вработени во производните области ќе им се исплаќа младински додаток од 3.000 денари. Пратениците дадоа поддршка и на Законот за изменување и дополнување на Законот за индустриски-зелени зони, со кој се врши усогласување со Законот за организација и работа на органите на државната управа (ЗОРОДУ). Со измените, како што беше образложено, се менуваат одредени термини од постојниот закон согласно новите законски решенија.

Собранието донесе Одлука за испраќање припадник на Армија на Македонија во меѓународната операција на Европска Унија „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина.

Собранието донесе заклучоци со кои констатира дека не се оправдани и дека нема потреба за автентично толкување на членови на неколку закони, по барања поднесени од пратениците Оливер Спасовски, Зоранчо Јованчев и Димитар Апасеиев, какои и неколку барања од градоначалникот на Општина Долнени.

Слична мерка постоеше и во изминатите години, но досега беше регулирана со законски решенија со ограничен рок на важност, кои периодично се продолжуваа. Со новиот закон, поддршката добива посистемско законско решение. Покрај Законот за младински додаток, пратениците ги усвоија и измените на Законот за индустриски-зелени зони. Со нив се врши усогласување со Законот за организација и работа на органите на државната управа, при што се менуваат дел од термините и надлежностите во постојниот закон.

Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, информира дека собраниската седница продолжува.

Најнови вести од: Македонија

Стопанската комора со план за економски развој на Зелениково и Чучер-Сандево, ќе има и нови инвестиции

Стопанската комора на Северна Македонија ќе им обезбеди поддршка на општините Зелениково и Чучер-Сандево за поттикнување на локалниот економски развој, подобрување на деловната клима и искористување на европските фондови. Меѓу приоритетите се развојот на руралниот и алтернативниот туризам, унапредувањето на инфраструктурата и формирањето заедничка бизнис-заедница.

(Фото+Видео): Мицкоски со „Дојче Телеком“ во Бон разговараше за можни инвестиции

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека разговорите со раководството на Германскиот Телеком во Германија биле насочени кон можностите за нов инвестициски циклус во Македонија, не само во телекомуникацискиот сектор, туку и во области со висока додадена вредност.

(Фото): Блокирани 104 веб-страници за нелегално онлајн коцкање

Во согласност со доставениот налог, посочува Министерството, АЕК е должна во рок од пет дена од неговото добивање да го проследи до операторите на електронски комуникациски мрежи. Операторите треба веднаш да постапат по налогот и да го ограничат пристапот до наведените веб-страници, со прикажување соодветно известување за причината за блокирањето.

To top