Македонија

Собранието ќе ја потврди оставката на Бислимовски

Оставката до Собранието ја достави на 12 февруари годинава барајќи од законодавниот дом да утврди престанок на функцијата, без да образложи зошто го бара тоа

Собранието денеска ќе ја констатирана оставката на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад Марко Бислимовски.

Претседателот на РКЕ Марко Бислимовски својата оставка до Собранието ја достави на 12 февруари годинава барајќи од законодавниот дом да утврди престанок на функцијата, без да образложи зошто го бара тоа.

Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика поднесе оставка

На седницата се очекува да биде констатирана и оставката на членот на Државната комисија за спречување на корупцијата и судир на интереси Цвета Ристовска.

На седницата исто така ќе се најде и изборот на Гоце Наумовски, за нов уставен судија. По усвојувањето на точките од дневниот ред следат два часа за опозициски прашања до премиерот и министрите.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Велигденска порака на Скопскиот бискуп и Струмичко–скопски епарх Киро Стојанов (ВИДЕО)

Среде вознемиреностa во светот да се молитме за мир и напори да се запре татнежот на бомбите, да се замолчи оружјето и да се даде можност на дијалогот во кој можат да се слушнат гласовите на народите

Николоски: ДУИ не изгради ниту еден километар автопат

Вицепремиерот и министер за транспорт изјави дека Владата инвестира меѓу 1,6 и 1,8 милијарди евра во изградба на автопати од Коридорот 8, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека во своите мандати не изградила ниту еден километар автопат

To top