Македонија

Сончево време со услови за локален дожд

Температури од 6 до 29 степени, слаб југоисточен ветер

Денеска времето низ земјава ќе биде сончево, со мала до умерена облачност. Наместа ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималните температури ќе се движат од 6 до 14 степени, а максималните ќе достигнат од 22 до 29 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13 степени, а максималната ќе достигне 23 степени.

Во наредните денови следува период на променливо облачно време, со сончеви периоди во текот на денот. Во попладневните часови наместа ќе има услови за појава на краткотраен дожд.

Најнови вести од: Македонија

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top