Македонија

Соработка меѓу Пустец и Здружението „ВМРО ДПМНЕ Албанија” во интерес на македонската заедница

Како прв конкретен чекор од оваа соработка, Здружението започна со директна финансиска поддршка за ангажирање на едно лице, кое хонорарно ќе работи во музејот на познатиот писател Стерјо Спасе во село Глобочани

Општина Пустец и Здружението “ВМРО ДПМНЕ Албанија” денеска ја официјализираа соработката со потпишувањето на Меморандум за соработка, во интерес на македонската заедница.

-Овој документ ги поставува темелите за засилена заедничка работа на проекти од национално и локално значење. Целта на документот е воспоставување рамка за соработка помеѓу Здружението и општината за развој и спроведување заеднички активности, проекти и иницијативи во интерес на македонската заедница – рече за МИА, Елена  Симонофски по потпишувањето.

Задоволство од официјализирањето соработка искажа и градоначалникот Пали Колефски по ставањето потпис на документот.

-Покрај другото, области за  соработка се организација на социјални, културни, образовни и информативни активности, размена на информации и експертиза за  промоција на заедницата и локалниот развој – рече тој.

Како прв конкретен чекор од оваа соработка, Здружението започна со директна финансиска поддршка за ангажирање на едно лице, кое хонорарно ќе работи во музејот на познатиот писател Стерјо Спасе во село Глобочани.

-Со ова се овозможува подобра функционалност на музејот и соодветен дочек и информирање на посетителите, кои ги има во се поголем број. Ангажирањето кустос во музејот на нашиот великан, писателот  Стерјо Спасе, е само почеток на низата активности за зачувување на нашето македонско наследство, посочи Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на Општина Пустец.

Симонофски, Темелко и Кристијан Ѓорѓи, координатор на ВМРО-ДПМНЕ Албанија за Мала Преспа го посетија музејот, а оддадоа почит и пред споменикот на Стерјо Спасе, кој се наоѓа во неговото родно село Глобочани, при што Симонофски порача дека „нашата цел е и институционална и финансиска грижа за македонските обележја во Албанија”.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Судење за „Пулс“: Инспекторка утврдила нова фирма, но не направила нова контрола поради „немање влијание врз животната средина“

На денешното судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше инспекторка за животна средина во Општина Кочани, која истакна дека во 2022 година утврдила оти објектот работи под друго правно лице, но не извршила повторен надзор бидејќи сметала дека станува збор за субјекти што немаат влијание врз животната средина

To top