Македонија

Совет на амбасадори: Македонскиот национален идентитет е историска и политичка реалност – Не смее да биде предмет на негирање и условување

Во својата реакција, Советот на амбасадори ја поздравува успешната организација на лидерската средба за Планот за раст, што се одржа во Скопје, со учество на највисоките претставници на институциите од земјите од Западниот Балкан и Европската Унија. „Од иницијалната лидерска средба за Планот за раст, исто така одржана во Скопје во јануари 2024 година, преку […]

Во својата реакција, Советот на амбасадори ја поздравува успешната организација на лидерската средба за Планот за раст, што се одржа во Скопје, со учество на највисоките претставници на институциите од земјите од Западниот Балкан и Европската Унија.

„Од иницијалната лидерска средба за Планот за раст, исто така одржана во Скопје во јануари 2024 година, преку самитите на Западен Балкан и ЕУ во Тирана, Котор, Берлин и Брисел, постигнат е значаен напредок во интеграцијата на регионот со Унијата. Меѓу другите постигнувања, за поздравување е пристапувањето на дел од земјите кон Единствената област за плаќање во евра (СЕПА), што ќе придонесе кон подлабока финансиска интеграција со ЕУ; проширувањето на зелените коридори и унапредена царинската соработка со Унијата, за олеснување на трговскиот проток и побрзи гранични премини; усвојувањето на Заедничкиот регионален пазар 2025–2028 и девет нови ЦЕФТА- договори, што ќе ја поттикне регионалната трговија и академската мобилност; воспоставувањето на иницијативата WiFi4WB за распоредување на 5.000 точки за широкопојасен интернет во регионот; како и и серијата иницијативи за приближување до единствениот пазар“, се вели во соопштението на Советот на амбасадори.

Според амбасадорите, ваквиот континуитет на политички дијалог и конкретни чекори се доказ дека само преку јасно дефинирани институционални, правни и финансиски механизми може да се обезбеди преточување на стремежите во оперативни резултати и структурираномспроведување. Со тоа Планот за раст прераснува од политичка декларација во трансформативна рамка за стабилност, економски раст и интеграција на регионот во ЕУ. „Во оваа пригода ги охрабруваме владините институции да пристапат кон доследно спроведување на приоритетите утврдени во заедничката изјава од лидерската средба, вклучително и кон забрзана реализација на реформската агенда во сите реформски области и навремено повлекување на средствата од Инструментот за реформи и раст. Тоа ќе поттикне забрзано економско доближување на земјата до ЕУ и пред полноправното членство“, препорачуваат од Советот на амбасадори.

Тие потсетуваат дека стремежот за членство во Европската Унија – стратегиска определба на Македонија уште од нејзиното осамостојување – се темели врз вредностите на „единство во различностите“, кои се во срцевината на европскиот проект. „Во тој дух нагласуваме дека македонскиот национален идентитет е историска, општествена и политичка реалност, исто како и идентитетите на останатите етнички заедници во нашата земја. Државата доследно покажува дека знае да го заштити, да го негува и да го унапредува севкупното идентитетско богатство на своето население. Оттука, македонскиот идентитет не смее да биде предмет на негирање, условување, или политизација во рамките на процесот на пристапување, ниту да биде сведуван на симболични или тривијални одредници.“

„Ги поздравуваме напорите на сите релевантни политички чинители во земјата да застанат обединето во заштита на овие темелни вредности. Истовремено, нагласувајќи ја цврстата определба за ЕУ – интеграција на земјата, веруваме дека европските партнери и институции ќе останат доследни на принципите на почитување, еднаквост и инклузивност ,врз кои е изградена Унијата“, порачуваат од Советот на амбасадори.


Најнови вести од: Македонија

Во Кина пробиена планина долга 22 километри и се изгради најдолгиот автопатски тунел!

Кина го пушти во употреба најдолгиот автопатски тунел во Азија, долг 22,13 километри, кој минува низ планините во покраината Гуиџоу. Тунелот „Тјаншан Шенгли“, со модерно осветлување и бетонска конструкција, веќе се смета за едно од најзначајните инженерски остварувања во регионот.

Цветановски: Изјавите на Лејла Кадриу за случувањата во СЈО не се изненадување за правосудната фела

„Можеби за дел од јавноста изјавите на колешката Кадриу беа изненадување, но сигурен сум дека за правосудната фела, особено моите колеги обвинители, не. Кадриу само го потврди тоа што потајно се шпекулираше за случувањата зад затворени врати во СЈО. Сега тоа не се шпекулации, туку потврдување од сведок кој лично ги увидел состојбите“, вели обвинителот Јово Цветановски во интервју за „Република“ .

ВМРО ДПМНЕ: Не Стојановска, туку Трендафилов да одговара за злоупотреба на службено возило за приватни цели!

„Наместо да се сокрие од срамот пред македонскиот работник, претседателот на Сојузот на синдикатите Слободан Трендафилов одбра со невидена дрскост, паника и нервоза да ја напаѓа пратеничката Дафина Стојаноска, глумејќи жртва за да го прикрие сопствениот скандал. Додека лицемерно ги повикуваше пратениците да одат пешки, ‘синдикалецот’ Трендафилов истиот ден се појави на протест со службено возило, а јавноста веќе виде како тоа исто возило се користи за семејни потреби како да е негова приватна сопственост.“ – реагира пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Украл бакарни кабли вредни 200 илјади евра од градилиштето за подземниот булевар во Скопје!

Вработен во обезбедувањето на подземниот булевар во изградба кај комплексот Дајамонд во центарот на Скопје заврши со лисици на рацете. Полицијата го товари дека за еден месец украл околу два километра бакарни кабли од градилиштето за подземниот булевар. Според информацијата на МВР вредноста на украдените бакарни кабли изнесува околу 200 илјди евра.

ВМРО-ДПМНЕ предлага уште пет години рок за легализација на бесправно изградените објекти

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата поднесе предлог-закон за изменување на Законот за постапување со бесправно изградените објекти, по скратена постапка, за да не останат граѓаните со нерешени статуси за своите домови, поради административни пречки, или бавни процедури.

Нови противпожарни возила за „Јасен“

Специјализирани возила и опрема, вклучително противпожарно возило со голем капацитет за вода, две теренски возила со интегрирани пумпи, возило за интервенции во мала инфраструктура за заштита од пожари (багер со лопата), оптички систем за надзор со долг дострел како и опрема за мали инфраструктурни интервенции

Најнови вести

To top