Македонија

Спречен обид на малолетници од Скопје да украдат пари од црковни прилози во манастирот „Свети Наум Охридски“ на Попова Шапка

На 07.02.2026 во 10:48 часот, одговорното лице на манастирскиот комплекс „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка во СВР Тетово пријави дека во манастирот затекнал малолетници кои со употреба на сила се обидувале да ја отворат металната каса за доброволни прилози.

Утврдено е дека станува збор за четворица малолетници од скопско село, кои биле на организирана екскурзија. Тие заедно со нивниот одговорен наставник биле задржани на лице место и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, соопшти СВР Тетово денес.

Најнови вести од: Македонија

Кој ќе биде најдобар во Македонија? Дваесет средношколски бизнис-идеи во трка за еден милион денари

Дваесетте најдобри средношколски бизнис-идеи денеска ќе бидат презентирани пред стручно жири во големото финале на натпреварот за најдобра бизнис-идеја, во организација на Brainster Next College и NU High School Academy, со поддршка на Министерството за образование и наука.

Најнови вести

To top