Македонија

Спречен обид зa „увоз„ на опасно оружје во Македонија

Сериозно меѓународно кривично дело, при што се запленети девет пиштоли, од кои пет имале висока продорна моќ, додека едно лице, државјанин на С, Македонија, е лишено од слобода и е во притвор

 

Царинската управа соопшти дека на граничниот премин Богородица се запленети девет пиштоли, од кои пет имаат висока продорна моќ. Како што соопштија, еден македонски државјанин е лишен од слобода и е во притвор.

„Спречен е обид за извршување на сериозно меѓународно кривично дело, при што се запленети девет пиштоли, од кои пет имале висока продорна моќ, додека едно лице, државјанин на С, Македонија, е лишено од слобода и е во притвор.
Случајот е откриен во вторник вечерта од страна на царински службеници на граничниот премин Богородица, на излез од земјата, при детален преглед на возило со македонски регистарски ознаки, управувано од државјанин на Северна Македонија, каде на покривот на возилото, помеѓу лимот и тапацирот, се пронајдени пиштоли од марката „Црвена Застава“.

Случајот е предаден на Одделот за истраги при Секторот за контрола и истраги, кој го лиши лицето од слобода, а по преземањето на предистражни мерки против него, поднесена е кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гевгелија за сторено кривично дело „неовластено држење, посредување и трговија со оружје и распрскувачки материјали“, казниво по Кривичниот законик.

По наредба на јавниот обвинител, лицето е во притвор, додека истрагата продолжува“, се вели во соопштението на царинската управа.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски побара од Бугарија, како НАТО-партнер, да ѝ го испорача осудениот Михаилов, баран со потерница, кој се појавува на протести во Софија!

„Ние имаме потерница за тоа лице и очекувам нашите партнери да постапат соодветно на партнерството.“ – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со Симеон Михаилов. Михаилов е осуден на 12 години затвор во Македонија, но избега пред да ја отслужи казната. Тој сега се појавува на бугарски телевизии и на протести во Софија, од каде што ја брани неговата ќерка Ива Михаилова, на која ѝ се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со еден загинат.

To top