Македонија

Спречен увоз на 50 тони отровна храна за македонскиот пазар

Официјалните ветеринари на граничниот премин Ќафасан забраниле влез на 27 тони говедско мелено месо со потекло од Парагвај. По извршената проверка во информативниот систем на АХВ и увид во увозната документација, било утврдено дека месото потекнува од објект кој не е одобрен од Агенцијата, со што не се исполнети основните безбедносни стандарди за увоз.

Агенција за храна и ветеринарство спречи влез на околу 50 тони небезбедна храна на македонскиот пазар, откако инспекциските служби открија сериозни неправилности кај две пратки на граничниот премин Ќафасан. Станува збор за 27 тони мелено говедско месо од Парагвај, за кое било утврдено дека потекнува од објект што не е одобрен од Агенцијата. Поради тоа, пратката не ги исполнувала основните безбедносни стандарди за увоз и постоел ризик за здравјето на потрошувачите.

Од Агенција за храна и ветеринарство велат дека одлуката е донесена по детална проверка на документацијата и податоците во нивниот информативен систем.

  • Количините кои требало да се увезат потекнуваат од објект кој не е одобрен, со што не се исполнети условите за безбедност на храната и постои сомнеж за нејзина здравствена исправност – информираат од АХВ.

Покрај месото, инспекторите спречиле увоз и на 22 тони ореви од Казахстан. Причина за забраната биле неправилности во означувањето и отстапувања од пропишаните критериуми за квалитет и безбедност. Целата пратка е вратена во земјата на потекло и не е дозволен нејзин пласман во земјава.

Од АХВ најавуваат дека контролите ќе продолжат со засилено темпо, со цел да се спречи внесување небезбедни производи.

  • Апелираме до увозниците строго да ги почитуваат законските регулативи и стандардите. Здравјето на граѓаните останува наш врвен приоритет – додаваат од Агенцијата.

Најнови вести од: Македонија

Велигденска убавина во Бутел: Воскресението не е приказна, туку сила што не потсетува да не се откажеме дури и кога е најтешко (ВИДЕО)

Овој убав пример од Бутел покажува дека вистинската убавина на Велигден не доаѓа од црквата, туку од срцата на младите кои со љубов го слават најсветлиот христијански празник.

Обид за опожарување на објектот на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

Остро и недвосмислено го осудуваме овој чин. Истовремено, повикуваме на јасна, гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани. Само преку заедничка одговорност и будност можеме да обезбедиме ваквите појави никогаш повеќе да не се повторат

To top