Македонија

Спротивставени ставови на осумчасовното вкрстено испрашување на вештакот од Словенија околу протоколите, лековите и дозите во онколошките терапии

Случај „Онкологија“

Вештото лице Маја Равник од медицинскиот факултет во Марибор, Словенија повеќе од осум часа денеска одговараше на вкрстени прашања од одбраната на поранешниот дирекот на Клиниката за онкологија Нино Васев, кој заедно со уште двајца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти.

Равник, во судница одговараше и на вкрстени прашања од првообвинетиот Нино Васев, кои беа во насока на конкретните лекови и дози кои се давале и нивната усогласеност со одредени студии и протоколи, но и за тоа какви се националните протоколи, состојбата и достапноста на онколошки лекови, како и за конкретни делови од документацијата врз која го темели своето вештачење за одредени пациенти.

На прашање од Васев, дали и е познато дека конкретен пациент бил лекуван и во Грција и Турција, за што има документација што треба да прима како терапија во Македонија, сведокот Равник, рече дека тоа во документацијата го нема, не го знае и не може да го коментира.

Васев, особено се задржа на сведочењето на Равник за пациент со повторен карцином на јајник, каде вели дека лекот „капецетабин“ не се дава за овој вид на рак, додека во Македонија, според неговиот исказ овој лек според домашните протоколи, базирани на протоколите на Министерството за здравство на РСМ од 2011 година, се дава за 15 индикации и тоа и во дози од 60 милиграми за метастази.

– Во вашето вештачење стои дека „капецетабин“ нема индикација кај рак на јајници. Дали Ви е познато дека на нашиот Институт за радиотерапија и онкологија има труд кој е влезен во националниот протокол и ние даваме „капецетабин“ во втора и трета линија и кај гинеколошки карцином, и кај рак на дојка и кај колоректален и кај 11 други индикации – праша Васев.

Равник, на тоа рече дека „капецетабин“ има индиции за успешно лекување кај различни видови рак, но „повикувајќи се на протоколите тој нема индикации кај лекување рак на јајници“.

– Со оглед на подготовките на ова мислење не направив поширока анализа на комплетната домашна литература и се повикував на насоките и протоколите кои важат во современата онкологија. Ако постојат национални протоколи на со доказ поткрепена медицина не можам да толкувам – изјави сведокот Равник.

Во однос на пациент, за кој сведокот Равник во своето вештачење вели дека „примал неиндицирана терапија, која водела до влошување на здравствената состојба“, Васев ја праша дали со „медицинска сигурност“ може да кажете дека оваа неиндицирана терапија, и доза дадена на конкретен датум водела до влошување и скратување на животот на овој пациент, сведокот Равник нагласи дека „се што е запишано во вештачењето и кажано во последните три дена оид заклетва го дадов врз основа на прегледаната документација и со онколошките протоколи и стојам на тоа што е кажано“.

На ова Васев, ја праша дали и е познато дека среден период на преживување по студиите на оваа болеста е 17 месеци, а кај оваа пациентка е 52 месеци, укажувајќи дека „пациентката проаѓа четврта линија на лек и дава уште 11 месеци без никаква прогресија на болеста и во петта линија живее уште 12 месеци, по што оди шеста линија на лекување и потоа доаѓа терапија на седма, каде семејството и пациентката потпишале согласност“.

– Ме радува што пациентката живеела долго, но со одредени наоди како што кажав не можам да се согласам, изјави сведокот.

Сведокот Равник, на неколку прашања од Васев дали и се познати конкретни студии и барање да објасни некои од изнесените ставови за конкретни пациенти, нагласи дека „студии имаме многу, но лекувањето оди по протоколи“.

– Мислењето беше дадено согласно протоколите за лекување на овој рак и литературата на која се повикувам е заведена во листата на докази – рече сведокот.

Во прашањата Васев, се осврна и на исказот на сведокот Равник за пациент за кој вели дека „има добиено два пати поголема доза на лек, што не е во согласност со упатствата“, запрашувајќи ја дали од вештачената документација и е познато дека „ние се соочуваме со недостаток на лекот „херцептин“ и кога лекот не е напишан со „перзотумап“, не значи дека не би го дале ако во моментот го имаме на Клиниката“.

– Но, тоа не го оправдува пациентот да добие само „перзотумап“, зошто знаеме дека тој нема ефект ако се дава сам. Разбирам да го добие едниот, па после некој ден другиот, но не и да го прими само едниот и после да не прими од вториот лек. Прашањето од моја страна е зошто пациентката не ги добила двата лека истовремено кога биле на располагање – рече сведокот.

Равник претходно денеска одговараше на вкрстени прашања и од бранителите на Васев, кои се однесуваа повеќе на целокупното вештачење што Равник го има направено на медицинската документација за лекувањето на вкупно 51 пациент за Обвинителството.

Бранителот на Нино Васев, адвокатот Боби Спирковски, во изјава за медиумите, денеска рече дека „ова вештачење не смее и не може да има никаква правна валидност“.

– Ова, ако сакате, и од многу конкретни прашања што ги слушнавме денеска, каде што има погрешен пристап и непознавање целосно на македонските протоколи по кои македонските лекари се должни да постапуваат, а имаат можност секогаш и од нив да отстапат ако нивната одлука е образложена или нотирана во медицинската историја. Исто така видовте, дека сите тие категорични тврдења претходно на вештакот денеска малку поинаку звучат, затоа што никој не може да предвиди кога пациентот ќе умре, и никој не смее од човечки, хумани причини да го прави тоа што вештакот го предлагаше, да не се дава терапија на 1, 2, 3 дена пред смртта. Така што, да заклучиме по мене, денеска излезе многу јасно на виделина дека вештачењето е нестручно направено во дел што се однесува на професионалниот пристап на вештак, на еден судски вештак не во дел којшто подразбира максимално познавање на одредената област, изјави Спирковски.

Во однос на стручноста, Равник на почетокот од нејзиното сослушување пред Судот нагласи дека во текот на 2011 го положила европскиот испит за интернистичка онкологија, во 2012 положила специјалистички испит од интернистичка онкологија и од тогаш работи на Клиничкиот центар во Марибор како прв онколог, а од 2016, кога е формиран одделот, е началник на одделот. Од 2022 година е национален координатор за специјализација во Словенија.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Снежана Марковска, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Ана Гоговска-Јакимовска.

Судењето продолжува и утре со сослушување на вештите лица од Словенија.

Во согласност со најавената динамика, кон крајот на март ќе треба да се почне со сослушување вешти лица од Србија, кои исто така работеле медицински вештачења за Обвинителството.

Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози – Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, вработени на Клиниката за радиотерапија и онкологија – Скопје, се обвинети за несовесно лекување пациенти. Постапката почна против уште еден онколог, второобвинетата Мери Пешевска, која призна вина и судот ја осуди на две години условна казна затвор.

Најнови вести од: Македонија

Селими: Политичката доктрина „Македонија на Македонците“ е можна опасност за нови тензии во иднина!

„Непишаната политичка и институционална доктрина ‘Македонија на Македонците’, според која државата е исклучива сопственост на еден етникум, беше извор на минатите тензии и останува можна опасност за идни тензии. Охридскиот рамковен договор го запре судирот од 2001 година и ја спаси Македонија да не падне во бездната, овозможувајќи ѝ да остане унитарна држава, а Албанците добија механизми што требаше да им гарантираат вистинско учество во државата: фер и соодветна застапеност.“ – нагласува политичкиот аналитичар Сефер Селими од Скопје во својата колумна со наслов „Македонија на Македонците“: од мир до враќање на судирот“, која ја објави информативната агенција Илирија-ИНА.

Д-р Чибишев: Ако беше водата во Скопје загадена со ешерихија коли, ќе имавме над 50.000 пациенти!

Не го разбирам мотивот и потребата да се шират (дез) информации дека водата за пиење која ја користат граѓаните на Скопје е загадена со бактеријата еширихија коли. Не знам дали тие болни умови знаат што значи таквото загадување, наведува токсикологот и професор на Медицинскиот факултет при УКИМ д-р Андон Чибишев во објавата на неговиот Фејсбук-профил, по вчерашната паника околу исправноста на водата за пиење во Скопје.

ВРЕДИ: Охридскиот договор за ДУИ беше личен банкомат

Толку е долг списокот на корумпирани членови на ДУИ кои го користеа Охридскиот договор за да ги наполнат своите џебови, што дури и нашиот стратешки партнер јавно проговори за „ендемска корупција“ и стави печат на корупцијата токму на оние кои денес се удираат во гради за „албанизам“

Муцунски: Мора да има одговорност за ширењето лажни вести и предизвикувањето паника

„ Седум години го уништуваа системот и ја поткопуваа довербата на граѓаните во институциите, а сега, кога се обидуваме да изградиме стабилен систем, преку лажни вести и дезинформации се создава паника – рече  Муцунски во гостување на Сител

До пасош за седум дена

Во текот на јули биле примени околу 55.000 барања за издавање лични документи, вклучително и патни исправи, а термин за поднесување барање во редовна постапка се добива во рок од еден до два дена. Документите граѓаните ги добиваат во рок од најмногу седум дена

Гочева: Биди причината нечие срце да продолжи да чука (ВИДЕО)

Еден донатор може да спаси до осум човечки животи и порача дека токму овој факт треба да ги охрабри луѓето да размислуваат за органодарителството. „Донирањето на орган е пред сè еден несебичен чин, а одлуката да спасите нечиј живот едноставно ве прави бесмртни“, порача Гочева

To top