Македонија

„ПР-потег“: Организаторка на концерт на Цеца во Софија за скандалот со бугарското знаме во Велес

Според некогашната Мис на Бугарија, српската турбофолкерка совршено добро знае за деликатните македонско-бугарски односи

По скандалот со српската турбофолкерка Светлана Ражнатовиќ-Цеца, која се појави на концерт во Велес завиткана во бугарското знаме, поранешната Мис на Бугарија, Ивајла Бакалова, излезе со изненадувачко откритие во емисијата „Претпладне“ на Бугарската телевизија (БТВ).

„Јас сум личноста што го организира нејзиниот концерт на стадионот ‘Васил Левски’ во 2007 година. Таа беше тука пет дена со своите деца – ја познавам лично и е прекрасна“, рече Бакалова, пред да поентира: „Нема шанси Цеца да не знаела дека го држи бугарското знаме! Таа совршено добро знае колку е деликатна темата за односите меѓу Бугарија и Северна Македонија. Според мене, ова беше изнуден ПР-потег. Таа постојано се обидува да биде во центарот на вниманието и да направи реклама зад своето име“.

Бакалова откри и дека на концертот имало доста Бугари, што дополнително ги поттикна интересот и тензијата од театралниот момент.

„Музиката треба да обединува, а не да разделува. Живееме во 21. век – не е вообичаено ваквите спорови да дојдат до ова. Луѓето треба да ја почитуваат историјата и да престанат со омраза“, додаде таа.

 

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Спорот не се сведува само на јазикот тој задира и во други идентитетски прашања

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен неодамна јавно побара продолжување на разговорите, а претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта во Софија настапи со слична порака, дури и посочувајќи на потребата од одредени гаранции. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ова го толкува како јасна промена во односот на Унијата.

Зошто во Македонија секој трет стан е празен?!

Во Македонија има доволно станови за парадоксот да изгледа неверојатно: според последниот попис, повеќе од 307 илјади станови се ненаселени, односно секој трет стан во земјата нема постојани жители. А сепак, квадратниот метар продолжува да поскапува, во Скопје и Охрид на атрактивните локации веќе се пробиваат и границите од 3.000 евра.

To top