Македонија

Валчев за неуспехот во ЕП: Видовме дека земја-кандидат може да добие многу подобар третман

Бугарскиот европратеник Ивајло Валчев, поднесувач на амандманот за „модерен“ пред „македонски јазик и идентитет“ во извештајот на Европскиот парламент за напредокот на Македонија, не престанува да жали за неуспехот да се наметне волјата на неговата земја-членка на Европската унија против соседот-кандидат. „Видовме дека позицијата на земја-членка не ни гарантира прифаќање на нашиот став. Во моментов, […]

Бугарскиот европратеник Ивајло Валчев, поднесувач на амандманот за „модерен“ пред „македонски јазик и идентитет“ во извештајот на Европскиот парламент за напредокот на Македонија, не престанува да жали за неуспехот да се наметне волјата на неговата земја-членка на Европската унија против соседот-кандидат.

„Видовме дека позицијата на земја-членка не ни гарантира прифаќање на нашиот став. Во моментов, гледаме дека земја-кандидат може да добие многу подобар третман, додека нашата земја се третира како да сме ние тие што мора да попуштат и да добијат помалку отколку што сакаат за своите позиции. Работите се измешани долго време“, се пожали Валчев пред Бугарската телевизија (БТВ).

„Огромен број од нашите амандмани не беа вклучени за време на работата на извештајот, кога едно мнозинство што се формираше во рамките на групата што работеше на извештајот едноставно ги уништи. Не обвинуваме, туку го констатираме фактот дека РСМ успеа да ги привлече унгарските европратеници од партијата Патриоти за Европа на своја страна во овој момент. Не можеме да ги обвинуваме другите земји за поставување одредени цели, работа кон нив и нивно постигнување. Големото прашање е што прави нашата земја, што правела во минатото и што ќе прави во иднина за да има иста моќ и да се фали со истиот успех“, додаде членот на ЕП од Има таков народ на Слави Трифонов.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top