Македонија Свет

Срамно видео од моментите кога тајната служба на САД го спасува Трамп

Користи прилика да се обезбеди со нектарот на боговите додека Трамп спасува жива глава

Неверојатно видео од безбедносни камери во хотел во Вашингтон се појави на социјалните мрежи, прикажувајќи необичен момент за време на инцидентот поврзан со претседателот на САД, Доналд Трамп.

Додека припадници на Тајната служба на САД реагирале и го евакуирале Трамп по истрелите во близина, на снимката се гледа како една гостинка мирно зема две шишиња вино од маса и се оддалечува.

Сцената предизвика бројни реакции на интернет, при што дел од корисниците ја оценија како апсурдна и шокантна, имајќи предвид дека се случува во момент на паника и безбедносна закана.

Засега нема официјални информации дали лицето е идентификувано или дали ќе се преземат мерки, јавува Премиерњуз.

Најнови вести од: Македонија Свет

Премиерот Христијан Мицкоски најави мерки со кои младите двојки полесно ќе се стекнат со дом

Градежната компанија нема да може да добие дозвола за градба ако уште во процесот на урбанизација и проектирање не одвои најмалку 10 отсто од станбената површина за оваа мерка за младите, рече премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски: Годишно 8,1 милиони евра оделе кај околу 4 илјади лица, кои немале право на социјална помош!

На седницата на Собранието посветена на пратеничките прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, се осврна на буџетот за следната година и предизвиците кои се очекуваат.

One Albania е првиот оператор во Западен Балкан со одобрение за тестирање на технологијата Direct-to-Device на SpaceX

Како дел од 4iG Group, One Albania продолжува да инвестира во напредни технологии, вклучувајќи 5G и оптичка инфраструктура, за да ја подобри поврзаноста и да ја зајакне својата телекомуникациска мрежа низ целата земја.

Јаневски: Потребен е критички однос кон оние, кои работат против државните интереси на Македонија, наместо да им се дава простор и влијание во јавноста!

Се покажа дека случајот со Ива Михаилова го води бугарската служба, но кај нас тенденцијата беше јасна – вината за нејзиното бегство да се префрли на МВР и на министерот Панче Тошковски – вели генералниот директор на Македонската информативна агенција – МИА Дарко Јаневски. Тој во гостувањето на „Колегиум“ на ТВ „Алфа“ говореше за медиумските приказни,  поврзани со случајот со Ива Михаилова, односите со Бугарија и влијанието на странските служби врз новинарството.

Откриени незаконски наплати кај финансиските друштва: треба да им вратат повеќе од 2,3 милиони евра на 26 илјади граѓани!

Над 140 милиони денари, или повеќе од 2,3 милиони евра, ќе треба да им бидат вратени на граѓаните кои користеле потрошувачки кредити од финансиски друштва. Државниот пазарен инспекторат утврдил низа незаконитости при контролите на сите 27 финансиски друштва во Македонија, а со мерките се опфатени повеќе од 26.000 граѓани.

To top