Македонија

„Србите се обидоа да го отрујат албанскиот амбасадор во Скопје, во израелската амбасада!“ – „бомба“ на Карамучо, за кого РМ е „картон-држава“, што „паѓа за 24 часа без Албанците“!

„БОМБА на Карамучо: Србите сакаа да го отрујат нашиот амбасадор во Скопје, внатре во израелската амбасада!“ – оваа вест вечерва, на 9 април 2026 година веднаш ја пренесоа  информативната агенција на Илирија-ИНА и голем број други медиуми на албански јазик во Македонија. Станува збор за изјава на д-р Артан Карамучо, професор по криминологија во Правниот факултет на државниот Универзитет во Тирана. Не е именуван дипломатот, за кого се изнесени овие свои бомбастични и сѐ уште непотврдени сознанија, но останува да се претпоставува: дали се работи за Денион Мејдани, моментниот албански амбасадор во Скопје? До овој момент нема прецизирање кога се случил наводниот „обид за труење“ на албанскиот амбасадор во Скопје. Карамучо, пак, завчера, на 8 април, за „Еуроњуз“ даде уште една, своја овојпат скандалозна изјава за Република Македонија, нарекувајќи ја како „држава од картон“, со тврдење дека „ќе падне за 24 часа без Албанците“!

Во веста  за наводниот, или сѐ уште непотврден обид за „труење на албанскиот амбасадор“ ИНА истакнува: Експертот за безбедност и криминологија Артан Карамучо даде силна изјава во текот на емисијата, емитувана на медиумската платформа на ‘Еуроњуз’ од Албанија, кога тој откри детали за сериозен дипломатски и безбедносен инцидент. Карамучо изјави дека имало обид од страна на Србите да го отрујат амбасадорот на Албанија во Скопје. Според него, овој сериозен инцидент се случил во просториите на израелската амбасада.

Засега без резултат останува нашата внимателна претрага дали актуелниот албански амбасадор Денион Мејдани на својот официјален фејсбук-профил, или во изјава за кој било медиум, има дадено изјава дека навистина токму тој бил „цел на Србите да го отрујат“. Во меѓувреме, останува да се види и дали Мејдани самиот ќе изреагира околу најновите „бомбастични“ тврдења на Карамучо.

Што се однесува до втората, „картонска“ но и скандалозна изјава на професорот на тиранскиот универзитет Карамучо за „картонскиот карактер“ на македонската држава, завчера во врска со ова во веста ИНА дополни: „Во гостување на Еуроњуз Албанија Карамучо даде остри изјави кон Македонија, изразувајќи сериозна загриженост за институционалното функционирање и третманот на Албанците. Тој нагласи дека без Албанците државата би била нестабилна, опишувајќи ја моментната ситуација како алармантна и неприфатлива. Карамучо реагираше во врска со најновите случувања околу правосудниот испит во С.Македонија. Тој искажа сериозна загриженост за институционалното функционирање и третманот на Албанците.“

 

 

 

Најнови вести од: Македонија

ОН: Бугарија ја прекршила слободата на здружување со одбивањето да регистрира организација на Македонци

Постоењето на здруженија кои мирно промовираат идеи за толеранција и коегзистенција на различни етнички групи мора да се заштити, дури и ако нивните ставови не се споделуваат од властите или од мнозинството на населението – изјавила Ивон Дондерс, членка на Комитетот за човекови права на ОН

To top