Македонија

Средба на Сиљановска-Давкова со Абдула Ерен, претседател на ТИКА

Акцентирајќи ја плодната дводецениска соработка, претседателката истакна дека ТИКА ужива заслужена почит не само од државните и јавни институции, туку и од македонските граѓани

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими, Абдула Ерен, претседател на Турската агенција за соработка и координација – ТИКА и неговите соработници.

Акцентирајќи ја плодната дводецениска соработка, претседателката истакна дека ТИКА ужива заслужена почит не само од државните и јавни институции, туку и од македонските граѓани, без оглед на нивната етничка и верска припадност. Впрочем, не случајно ТИКА беше одликувана со едно од највисоките државни одликувања, Повелба на Републиката.

Во пресрет на прославата на големиот празник, 21 декември – Ден на наставата на турски јазик, претседателот на ТИКА потсети дека ТИКА во изминатите 20 години реализирала повеќе од 1300 проекти врзани за образованието, здравството, земјоделството, реставрацијата на споменици на културата, изградбата на училишта, реконструкцијата на здравствени установи и донација на болничка опрема.

Обајцата потврдија дека соработката со ТИКА ги зацврстува партнерството, пријателството и довербата меѓу двете држави.

Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) е формирана во 1992 година и е присутна во 61 земја каде што реализирала над 30 илјади проекти.

Најнови вести од: Македонија

Јаневска: Не е добро да функционираат училишта со по неколку ученици

Во многу општини во државата има прекумерен број на наставници, односно работат со паралелки од неколку ученици и затоа блок дотациите кои ги исплаќаме за основното и средното образование во најголем дел се трошат за исплата на плати на наставниците

Иван Стоилковиќ до Илир Хасани: 20 години Албанци го водат министерството, ама без правична застапеност

Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ денеска остро одговори на прашањата на пратеникот Илир Хасани (Европски фронт) во врска со состојбата во Министерството за односи меѓу заедниците, кое според Стоилковиќ има 2.250 вработени, од кои скоро 97% се Албанци.

To top