Македонија

Стандардот, минималецот, струјата и балансерот на политички мегдан – жестока дебата во Собрание

Жестока расправија во Собранието меѓу премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на СДСМ, Венко Филипче за енергетската криза, поскапувањето на струјата и политичките обвинувања.

Во Собранието на последниот ден за пратеничките прашања за годинава се водеше жестока дебата меѓу премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче. Двајцата си разменија остри зборови околу енергетската криза и поскапувањето на струјата, што стана една од најактуелните теми во земјата. Филипче ја обвини Владата дека по две години на власт не презела доволно мерки за зајакнување на домашното производство на електрична енергија. Според него, државата е принудена да увезува скапа струја и да прогласува кризна состојба, што директно влијае врз цените за граѓаните. „Зошто сега доаѓа до поскапување на струјата за граѓаните, што ќе повлече и други поскапувања?“ праша Филипче од собраниската говорница.

Остри зборови од собраниската говорница упати премиерот Христијан Мицкоски кон опозицискиот СДСМ, обвинувајќи го неговиот лидер, Венко Филипче, дека сака партијата да биде „Левица од ‘Алиекспрес’“. Имено, реакцијата на премиерот следуваше по прашањето на Филипче зошто поскапела струјата, обвинувајќи ја власта дека неуспешно се справува со загадувањето, платите, цените, мигрантите.

  • Мислите дека тоа е начинот на кој ќе бидете Левица од „Али експрес“ и мислите дека на тој начин, како СДСМ, ќе привлечете внимание? – рече Мицкоски.

Филипче рече дека убавите зборови што ги упатува Мицкоски се упатени кон група луѓе околу власта и не се однесуваат за сите граѓани.

  • Зошто сега мора да има поскапување на струјата за граѓаните, која ќе повлече и друго поскапување? Зошто досега не направивте ништо да ги контролирате? Зошто, по една и пол или речиси две години Влада, не направивте ништо да ги зајакнете енергетскиот сектор и производството на струја, зошто не произведуваме со максималниот капацитет и наместо тоа увезуваме струја и сега се прогласи кризна состојба? – праша Филипче.

Мицкоски му одговори дека прво ќе одговори за струјата, а за другите тези кажани од Филипче рече дека ги „растура како пердуви“ од собраниската говорница.

  • Зошто поскапување на струјата? На ова прашање, господине Филипче, можеби, најдобро ќе ви одговори новиот член на вашиот Извршен комитет, господинот Бислимоски, кој е брат на претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски. Регулаторната комисија по закон и по устав е независно тело, така што не знам зошто мене ми го поставувате ова прашање – рече Мицкоски.

Премиерот одговори и на пратеничко прашање поврзано со стандардот на граѓаните и за инфлацијата и рече дека сè што се зборува на тие теми е само клевета.

  • За подобар животен стандард, треба во континуитет да се бориме и да работиме. Таа битка не смеете да ја загубите. Ако ја загубите, ќе ја загубите и довербата кај граѓаните. Политиките се во насока на подобрување на животниот стандард. Имаме инфлација од 4 %, а во мандатот на СДСМ имавме рекордни стапки на инфлација од 17, 18 и 19 проценти на годишно ниво. Од 2020 до 2023 беа нанесени најжестоките удари врз граѓаните и врз државата, со задолжување, безмилосно трошење, грабеж, лоши политики – рече премиерот.

Осврнувајќи се на последниот извештај на „Евростат“, Мицкоски рече дека потрошувачката кошница во Македонија, споредена со просек дефиниран како 100 проценти, е најевтина во Европа.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Македонскиот јазик е темелот на идентитетот, чувар на колективната меморија и мост, што нè води напред во иднината!

„Без мајчиниот јазик не можеме да бидеме ни луѓе, тој е како матична клетка на идентитетот и на културата. Овој ден е посветен на љубовта, негата, грижата и почитта на сите мајчини јазици кај нас и во светот зашто на мајчин јазик најлесно и најдобро се изразуваат радоста и тагата, чувствата и мислите.“ – истакна претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова на одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик – 21 февруари денеска во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.

Митева: Жерновски во македонската политика е „стара витрина со пајажина“, нема никакви политички познавања! (ВИДЕО)

„Со жалење ја следам паничната и хистерична реакција на Жерновски и СДС. Интегритетот на Жерновски во македонската политика, кој смени едно чудо партии, е еднаков на една стара витрина со пајажина, заборавена и надмината со времето. Го ставија во партиски тела за да се натпреварува кој ќе фрли повеќе кал, тоа е спорт омилен за мал дел од политичката елита на СДС. Обидот да конструира наратив за „скандал“ претставува класичен пример на политичка дезориентација и дефокус од суштинските прашања. Кога аргументите изостануваат, остануваат инсинуациите. Кога немаат одговори, продуцираат магла., реагираше портпаролката на Влада на Република Македонија Марија Митева на својот фејсбук-профил.

Сиљановска-Давкова: Понекогаш е непријатно летањето со старото владино „авионче на браќата Рајт“!

„Владиното авионче моите колеги-претседатели во регионот го нарекуваат ‘авиончето на браќата Рајт’, бидејќи е најмало и најстаро’.“ – рече денеска претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска Давкова во одговор на поставено новинарско прашање.

Елитен полицаец без возачка дивеел низ Скопје, му го одзедоа оружјето и ќе оди на психо-преглед!

Полицаец заработи кривична пријава откако бил фатен како управува автомобил без положен возачки испит, соопшти Министерството за внатрешни работи. Станува збор за Ѓ.К., вработен во Одделот за заштита на определени личности и објекти. МВР покрена и дисциплинска постапка.

“Glare Free” технологија: Нов поглед на удобноста при гледање со “Samsung OLED” телевизорите

 Самсунг OLED (Samsung OLED)  телевизоритe  ја содржат револуционерната  “Glare Free” технологија. Оваа иновативна карактеристика ви овозможува да уживате во вашите омилени емисии и филмови без никакви иритирачки рефлексии или отсјај, без разлика какво е  осветлувањето во вашата соба.

Најнови вести

To top