Македонија

Стефанидис: Македонците го признаа сонцето од Вергина како грчки симбол

Предупредување за македонски онлајн екстремизам

Претседателот на грчката Панмакедонска организација од Мелбурн, Австралија, Питер Стефанидис, во интервју за телевизијата ABC искажува став во врска со прашањето што моментално се дискутира меѓу македонците и грците во Австралија.

Стефанидис жали што телевизијата објавила само 22 секунди грчки став за забраната за Македонците во Мелбурн, Викторија да го користата Сонцето од кутлеш на локалниот фолклорен фестивал.

Стефанидис кој е среќен за забраната вели дека Македонија со Преспанскиот договор се откажала од Сонцето од Кутлеш (Вергина) кое сега според него и припаѓа на Грција.

,,За жал, во сегмент што траеше приближно две минути, грчката перспектива беше дадена само околу 22 секунди време во етер. Важните точки покренати за време на интервјуто не беа вклучени во последното емитување. Тие вклучуваа историско значење на симболот, фактот дека нашите северни соседи формално го признаа Сонцето од Вергина како грчки симбол и нашите загрижености за онлајн екстремистите кои активно ги охрабруваат луѓето да ја прекршат забраната.

Веруваме дека овие точки се од суштинско значење за разбирање на прашањето во неговиот целосен контекст”, смета грчкиот претставник.

Поврзана вест

Ако треба ќе умреме за Македонија, Сонцето од Кутлеш се уште го тресе Мелбурн (ВИДЕО)

Најнови вести од: Македонија

И оние што во летната сезона ќе работат во странство ќе мора да платат данок кон УЈП

Голем број македонски студенти кои во изминатите пет години учествувале во програмите за летна работа во Германија (Work & Travel) се соочуваат со неочекувани барања од Управата за јавни приходи (УЈП) за пријавување и оданочување на нивните приходи остварени во странство, пишува инстаграм страницата Студентарија.

To top