Македонија

Стефаноски: СДСМ, западнат во очај и хистерија, го гледа како млада невеста „потенцијалот“ на комшијата, а не на сопругот дома! (ВИДЕО)

Очајна и хистерична состојба, вака аналитичарот Милан Стефаноски во „Колегиум“ ја констатира ситуацијата во која СДСМ инфантилно се прогласи за победник на изборите во Брвеница. Да изгубите четири наспрема еден, да бидете четврта партија на теренот и притоа да тврдите дека имате раст, според Стефаноски е загрижувачка психичка состојба.

-Повеќе загрижува оваа психичка состојба. СДСМ ми наликува на млада невеста која го гледа потенцијалот на комшијата, а не на сопругот дома. Мене ми беше трагично, не смешно, затоа што нивниот аргумент одеше дека ВМРО-ДПМНЕ има некаков пад, а растел СДСМ, без да навлеземе во тоа колку е тоа глупаво. Генерално, можеме да го сведеме на една очајна и хистерична состојба на СДСм за да на некој начин тоа помине некако пред нивната публика, затоа што тие немаат ни што друго што би правеле, посочи аналитичарот во дебатната емисија на ТВ Алфа.

-На овој начин СДСМ го губи кампусот од кој би можеле да црпите гласови, затоа што на овој начин вие ги потценувате и граѓаните на Брвеница и граѓаните на национално ниво. И овие избори го докажуваат тоа дека она што СДСМ се обидуваат да го начнат како теза е лажна вест, потенцира Стефаноски во „Колегиум“.

Во продолжение погледнете го целосното издание на „Колегиум“ на ТВ Алфа со аналитичарот Милан Стефаноски, во кое учествуваа и Богдан Илиевски, Љупчо Цветановски и Игор Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Проширувањето не е само политичко и економско прашање, туку и безбедносно, особено во време на геополитички тензии коишто се закана за мирот во Европа

(Фото): Лукровски во Охрид ја подигна наградата „Младински пријателски град“

Пораката од форумот беше дека квалитетната младинска работа и функционалните младински центри се клучни за враќање на довербата на младите во институциите и создавање услови тие својата иднина да ја градат во сопствените општини.

(Фото): Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија

Двајцата говорници ја потврдија заедничката заложба за продолжување и интензивирање на соработката и натамошно унапредување на стратешкото партнерство во интерес на двете земји.

To top