Спорт

„Луд“ триумф на македонските фудбалски надежи над Унгарија во Трабзон

Ристиќ со хет-трик донесе пресврт по 0:2 и победа со гол во 94. минута на стартот од квалификацискиот турнир за ЕП 2027

Фудбалската репрезентација на Македонија до 17 години забележа голема победа од 3:2 над Унгарија на стартот од квалификацискиот турнир во Трабзон за Европското првенство 2027 во Летонија, враќајќи се од 0:2 по 48 минути игра.

Стефан Ристиќ е херојот на македонските кадети, остварувајќи хет-трик со головите во 55. минута, во 86. минута и во четвртата минута од судиското продолжение!

Следен ривал на „црвено-жолтите“ на 14 ноември ќе биде аутсајдерот Сан Марино, а три дена подоцна ќе се соочат со домаќинот Турција во трката по првите две места во групата што водат во втората квалификациска рунда или Лига А.

Во неа 28 селекции ќе бидат поделени во седум групи, од кои победниците ќе се пласираат на ЕП.

 

Најнови вести од: Спорт

To top