Македонија

Стефковски: На настава без мобилни за поголемо внимание и знаење

Во секоја училница се поставени специјално изработени џебови, а дел од училиштата располагаат и со специјализирани шкафови за безбедно оставање на мобилните телефони

Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, на Фејсбук објави дека општината започнала со настава без мобилни телефони за повеќе внимание и знаење.

„Нашата цел е училиштето да биде место каде што учениците ќе бидат целосно посветени на знаењето, наставата и својот личен развој.

Токму затоа, во сите општински основни училишта на територијата на општина Гази Баба успешно се реализира наставата без користење на мобилни телефони за време на часовите.

Во секоја училница се поставени специјално изработени џебови, а дел од училиштата располагаат и со специјализирани шкафови за безбедно оставање на мобилните телефони“.

На почетокот на секој наставен час, секој ученик го остава својот мобилен телефон во џебот означен со неговиот број од дневникот, а по завршувањето на наставата го презема назад.

На крајот од учебната година веќе јасно се гледа дека оваа мерка дава одлични резултати. Учениците се многу поконцентрирани, поактивни на часовите, повеќе комуницираат меѓусебно и покажуваат поголема посветеност кон учењето.

Продолжуваме да вложуваме во квалитетно образование, затоа што секоја инвестиција во знаењето е инвестиција во иднината на нашите деца.

Гази Баба останува општина која создава најдобри услови за раст, развој и успех на секој ученик, напиша градоначалникот на Фејсбук.

 

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Командата за операции е еден од столбовите на армискиот одбранбен систем

На припадниците на Армијата им оддаде признание за нивната професионалност, посветеност и подготвеност за исполнување на задачите, изразувајќи очекување дека и натаму ќе ги надградуваат своите способности и ќе ја оправдуваат довербата на граѓаните.

Мицкоски: Потврда за заложбите на Владата во туризмот се 1 милион туристи и три милиона преноќувања заклучно со август

Заклучно со август постигнат е приоритетот на Владата во делот на туризмот за 2026 година да имаме еден милион туристи и близу три милиона ноќевања. Што значи дека предвреме ќе ја постигнеме целта којашто сами си ја зададовме на почетокот на годината, истакна премиерот, коментирајќи ги податоците на ДЗС за растот на туризмот.

Емисиите од работата на „Титан Усје“ се под граничните вредности – Ако филтрите не работат производството запира

ТИТАН УСЈЕ ги поканува сограѓаните, невладините организации, граѓанските групи и медиумите да ја посетат компанијата во кое било време и да добијат одговори на сите прашања од јавен интерес.

Денес предадено во употреба новото основно училиште „Крсте Мисирков“ во скопско Ченто со 30 училници – вложени околу 2,8 милиони евра

Новиот објект на основното училиште „Крсте Мисирков“ во населбата Ченто во општина Гази Баба денеска свечено беше пуштен во употреба во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование Весна Јаневска, градоначалникот Бобан Стефковски, како и наставници, ученици, родители и граѓани.

To top